9 тајни што треба да останат скриени
Една од најпаметните работи кои можете да ги направите е да си ги чувате тајните за себе. Никогаш не очекувајте некој друг да чува тајни за вас. Некои теми секогаш ќе бидат табу, дури и доколку разговарате со најблиските пријатели. Погледнете кои работи е најдобро да ги чувате за себе.
1. Караници со роднините
Карањето во јавност можеби ќе ви донесе некое олеснување, но тоа ќе трае кратко време. Роднините сепак ќе ви останат најблиските луѓе, па најдобро е караниците да се одвиваат далеку од очите на јавноста. Не мораат странци да знаат за вашите семејни проблеми.
2. Проблеми со децата
Родителите кои се жалат за своите деца изгледаат смешно. Сепак, тие ги воспитале. Не мора да споделувате со сите дека одвај чекате ќерка ви да се омажи или пак, синот да си ги исплати долговите. Не заборавајте дека секој пат кога ќе кажете нешто такво, приказната ќе ја слушнат сите околу вас, и тоа во многу различни верзии.
3. Бројот на сексуални партнери
Додека промискуитетните мажи секогаш се наградени со титули како „алфа мажи“, жените не поминуваат толку добро на оваа тема. Дури и ако вашите сексуални авантури ги споделувате само со пријателките, можете да добиете репутација на „лесна девојка“, или личност која не заслужува почит. Ако сакате да разговарате на оваа тема немојте да ги споделувате сите детали.
4. Желбите на партнерот во спалната соба
Сексуалните фантазии се можеби најинтимниот дел на секоја личност. Луѓето ретко ги споделуваат овие работ, дури и со партнерите. Затоа кога ќе почнете да ги раскажувате на странци желбите на партнерот, вие ја изневерувате неговата доверба и го правите мета на невкусни шеги. Размислете, дали вие би уживале во таква ситуација?
5. Неверство
Неверството е голема навреда која може да го уништи семејството. Ако сте откриле дека вашиот партнер ве изневерува, најдобро е да не им раскажувате на сите сè додека не одлучите дали сакате да ја прекинете врската или бракот. Ако сепак одлучите да простите, а веќе сте раскажале на сите, само ќе ја направите ситуацијата потешка бидејќи сите ќе ја знаат причината за вашата караница.
6. Конфликти со свекрвата
Борбата помеѓу сопругата и мајката за вниманието на мажот понекогаш е тешко да се избегне, и може да трае долго време. Дури и најсовршената свекрва може да ја налути сопругата само со нејзиното присуство. Ако навистина не можете да ја поднесете, сепак обидете се да останете мирни и мислете на тоа дека вашата свекрва му дала живот на вашиот љубен. Овие проблеми најдобро е да ги решавате приватно.
7. Физичките и психичките недостатоци на вашиот партнер
Кога сте во врска со некого, вие ги прифаќате сите негови особини, вклучувајќи ги и лошите. Ова значи секогаш да го поддржувате и да се обидете да го разберете. Ако решите да ги откривате неговите недостатоци на другите, можете само да се повредите. Другите можеби ќе сметаат дека вашиот партнер е чудак, но вие ќе изгледате уште почудни бидејќи сте со него.
8. Финансиски грешки
Губењето пари е можеби едно од најболните искуства. Во овие ситуации важно е да учите од вашите грешки, но без да ги споделувате со сите. Треба да ви е јасно дека вашите проблеми ќе стигнат до сите и можеби луѓето ќе почнат да ве гледаат како неодговорна личност.
9. Семејни тајни
Ако добро размислете, ќе сфатите дека секое семејство си има по некоја тајна. Можеби зависноста на вашиот братучед изгледа како интересна приказна, но запомнете дека со тоа само ќе го „обележите“ за цел живот.
Многу пријателства не траат долго, па затоа споделувањето на некоја тајна можеби ќе ви изгледа како лоша одлука во иднина. Никогаш не треба да раскажувате сè за вас.
Погледнете и кои тајни треба да му ги откриете на партнерот за вашата врска да остане здрава и силна.