9 суптилни, но алармантни знаци дека вашето куче можеби има треска
4. Топли уши
Кога имаат треска, кучињата ќе бидат потопли на допир. Како што ја проверуваме човечката температура на челото, можете да го проверите кучето на неговите уши.
5. Тресење
Кучето со треска може да почне да се тресе иако не е во студена просторија. Нормално е кучињата да се тресат од студ, но ако причината не е тоа, може да станува збор за треска.
6. Топол, сув нос
Повеќе луѓе знаат дека ова е знак дека кучето е болно. Носот на кучето треба да биде студен и влажен, па проверете го ако забележите какви било промени во неговото однесување.
7. Кашлање
Кашлањето кај кучињата е ретко. Па ако забележите дека кашла без причина (нема нешто во неговото грло) најверојатно е знак за треска.
8. Повраќање
Секое куче одвреме-навреме повраќа, но ова најчесто се случува кога ќе се прејадат или кога ќе изедат лоша храна. Ако кучето поврати без некоја причина, можно е да има треска.
Кога да го однесете кучето на ветеринар?
Ако вашето куче покажува кој било од овие симптоми, однесете го на ветеринар што е можно побрзо. Ако дозволите неговата температура да се качи многу, може да му се оштетат органите, па дури и да умре. Секогаш обрнувајте внимание на овие симптоми.
Погледнете ги и знаците дека вашето куче чувствува некаков вид болка.