9 спонтани работи што треба да ги направите доколку мислите дека не сте го искористиле летото
Половина од летото веќе помина. Можеби чувствувате дека тоа минува многу брзо, а вие сѐ уште не сте прецртале ништо од листата на работи што сакате да ги направите. Како го трошите времето? Ако се плашите дека летото ќе ви побегне додека да трепнете, не паничете! Сѐ уште имате време за да создадете прекрасни и незаборавни сеќавања. Без изговори! Ова се 9-те спонтани работи што треба да ги направите уште веднаш за да немате чувство дека не сте го искористиле летото…
1. Одете на непланирано викенд патување
Ако целото лето сте го поминале без да го напуштите градот, направете го тоа што поскоро! Летото е идеално време за истражување. Дури и да немате многу пари и не можете да си дозволите да одите на луксузен одмор во егзотична земја, секогаш можете да отидете на викенд патување надвор од градот. Соберете ги пријателите и тргнете на мини патување!
2. Земете си слободен ден
Кажете му на шефот дека сте се разболеле и искористете го слободниот ден за некои забавни летни активности. Јавете им се на најдобрите пријатели и забавувајте се додека го истражувате градот и создавате сеќавања.
3. Направете си интересна летна фотосесија за Инстаграм
Ако сакате да се сеќавате на ова лето, направете си забавни фотографии што ќе ги споделите на социјалните мрежи. Најдете некој откачен ѕид со графити или која било друга интересна локација и фотографирајте се цело попладне.
4. Поминете цел ден на плажа
Понекогаш, планирањето може да ви го намали уживањето на песокот. Многумина од нас копнеат по тоа да отидат на плажа за време на летото, но и понатаму продолжуваме да ја одложуваме оваа активност. Заборавете на сѐ и отидете до најблиската плажа. Нема подобар момент од сегашниот.
5. Организирајте спонтана забава за танцување
Соберете ги вашите најдобри пријатели, направете плејлиста од вашите омилени песни и заиграјте! Никој нема да може да им одолее на летните хитови и на забавните танцови движења.
6. Признајте ѝ на вашата симпатија дека ви се допаѓа
Ако имате симпатија, сега е време да соберете храброст и да ѝ го кажете тоа. Летниот период е совршен за флертување, вљубување и летни авантури. Максимално искористете ги можностите што ви се нудат. Што можете да изгубите?!
7. Искористете ги бесплатните градски активности
Во секој град се организираат настани што се бесплатни. Погледнете што нуди вашиот град, информирајте се и одете на барем еден таков настан секоја недела. Можеби има некаков уличен панаѓур или свирка во паркот. Колку почудно ви звучи настанот, толку подобра приказна ќе имате за раскажување.
8. Одете во локалниот џез клуб
Летото најдобро ќе го обележите ако му дадете малку ритам. Можеби сега е веќе предоцна да одите на некој поголем музички фестивал, но не е предоцна да ги посетите локалните клубови каде што редовно има интересни свирки. Излезете од вашата удобна зона и отидете на рок, џез или блуз свирка дури и да не слушате таква музика. Ќе бидете изненадени од тоа колку ќе ви годи ваквото искуство.
9. Забавувајте се до раните утрински часови
Ако сте излегле со пријателите и сте се задржале повеќе од планираното, продолжете ја забавата. Вашата мисија нека биде да останете будни цела вечер, а ноќта завршете ја со вкусна брза храна.
Сѐ уште имате време за да го направите летово незаборавно. Не размислувајте многу и почнете да се забавувате!
Расположение сте за уште идеи? Прочитајте ги следниве 28 бесплатни работи кои треба да ги направите ова лето.