9 совети со чија помош ќе ја претворите спалната соба во личен рај
Спалната соба е единственото место кое претставува безбедно прибежиште од сѐ останато. Мека, тивка, пријатна и создадена за одмор и љубов, спалната соба е просторијата во која сакате да бидете. Но што ако не се чувствувате вака во сопствената спална соба? Одговорот веројатно припаѓа во некои од основните грешки кои сите ги прават кога станува збор за декорирање на спалната соба, а следниве совети се брзо решение за нив.
1. Користете неутрални бои
Бела, беж или крем – ова се боите кои треба да ја красат вашата спална соба. Без разлика на карактерот и типот на бои кои вообичаено ги користите, неутралните бои се оние кои ќе ви го подарат спокојот кој го барате во спалната соба. Наместо јаки бои и силни принтови, изберете спална соба во нежни нијанси.
Запомнете, секогаш може да ставите перници или покривка во живи нијанси кои ќе ја разбијат неутралноста, но сепак ќе ја задржат основната идеја.
2. Користете рачно изработени декоративни елементи
Наместо скапи слики и ладни скулптури, купете или направете сами декоративен елемент кој ќе ѝ ја долови на вашата спална соба потребната топлина. Дрвено масиче, слика која вие сте ја насликале, интересна прекривка. И винтиџ декорацијата е секогаш добредојдена.
3. Декорирајте ги ѕидовите
Празните ѕидови не се никогаш добро решение. Ако сакате да ја развеселите спалната соба и да ја постигнете посакуваната удобност и топлина, украсете ги ѕидовите на некој начин. Ставете интересна слика, нацртајте нешто или залепете мапа од светот со местата кои сакате да ги посетите. Има толку многу идеи кои можат да го направат овој простор целосно ваш.
4. Чувајте го телефонот и сличните уреди што подалеку од себе
Доволно е само еднаш да пробате да спиете без телефонот веднаш до вас или под вашата перница за да согледате колку ќе бидете посвежи кога ќе се разбудите следното утро. Зрачењето од телефонот влијае на вашиот сон, а квалитетното спиење ви е и повеќе од потребно.
5. Спалната соба нека ви биде секогаш средена
Три минути од вашето драгоцено време кои ќе ги потрошите на средување на собата ќе значат многу часови опуштање и одмор во неа. Голема е веројатноста дека колку повеќе ја оставате растурена, толку повеќе и ќе ја избегнувате. А кога си е сѐ на своето место таму, тогаш и вие ќе може повеќе да уживате.
6. Имајте различно осветлување на повеќе места
Осветлувањето е една од најважните работи кога е во прашање спалната соба, а силното светло не е никогаш добра опција. Бидејќи спалната соба се поврзува со мир, одмор и љубов, па и осветлувањето треба да има карактеристики на романтично и смирувачко. Поставете повеќе извори на осветлување на различни места во собата и погрижете се светлината која ја даваат да не биде премногу интензивна.
7. Откажете се од класичните ролетни
И додека на некој начин мора да си овозможите затемнување на собата, класичните ролетни не се баш најдобриот избор. Ладни се и бараат постојано чистење, а и никако не се вклопуваат во декорот на спалната соба. За разлика од нив, ролетните изработени од некој материјал и во боја која ќе се вклопи во топлината на вашата спална соба се секогаш подобар избор. Завесите во два слоја се исто така добра опција – едниот ви ја дава потребната приватност преку ден и е во светли нијанси, а вториот е потемен и со цел да ја затемни собата кога сакате убаво да се наспиете.
8. Душекот е и те како важен
Скапите душеци кои се неверојатни за гледање не се секогаш единственото решение. Иако изгледаат убаво, веројатноста е дека не само што не се вклопуваат во целосната слика на спалната соба, туку неверојатно се и неудобни за спиење. Прашајте експерт каков душек е најпогоден за спиење, а потоа дадете си повеќе време да го најдете вистинскиот. Добриот сон и удобноста нека ви бидат на прво место.
9. Одржувајте ја чистотата
Прашината неизбежно се таложи во секој дел од домот. Комодите, вратите, масата, креветот – сите овие и сѐ останато е вечно осудено да собира прашина која е штетна по нашето здравје. И додека површното чистење е неизбежно, не заборавајте дека подробното чистење е потребно многу повеќе. На пример, креветот во вашата соба е исто така изложен на голема нечистотија иако е покриен со прекривка. Постојат многу мини машинки кои навлегуваат и во најмалите делови на креветот, а кои ефикасно ќе ја завршат работата. Исто така, менувањето постелнина секоја недела е задолжително. Чисто и свежо – рецепт за одмор.