9 совети што ќе ви помогнат ако немате време да се истуширате наутро

9 совети што ќе ви помогнат ако немате време да се истуширате наутро

Сите знаеме како е да се оди некаде толку рано, што немате време ниту да појадувате, а камоли да се туширате. Тоа е ужасно затоа што се чувствувате нечисто и како сите да знаат дека не се истуширавте. Но, постои брзо решение за овој проблем. Мрсната коса и мирисот на испотено може да се отстранат и без да го поминете утринскиот ритуал наречен туширање.

1. Тоник од јаболков оцет

9 совети што ќе ви помогнат ако немате време да се истуширате наутро

Измешајте чаша вода со 2 лажици јаболков оцет и испрскајте го овој тонер на вашата коса или кожа кога немате време за туширање. Јаболковиот оцет може да помогне при враќањето на pH-вредноста на вашата кожа и да ѝ помогне на вашата коса да изгледа сјајно, дури и ако не сте ја измиле тој ден. Не грижете се премногу за мирисот на оцет. Мирисот ќе исчезне откако косата ќе се исуши.

2. Освежувач за ткаенини

9 совети што ќе ви помогнат ако немате време да се истуширате наутро

За облеката да мириса убаво и свежо во текот на денот, дури и ако не сте имале можност да се истуширате, секогаш можете да ја испрскате со малку освежувач за ткаенина пред да ја облечете. Овој производ генерално се користи за тапацир на фотелји или на завеси бидејќи помага да се елиминираат лошите мириси и ги одржува свежи. Оваа техника може да направи да се чувствувате поудобно во текот на денот.

3. Оризова хартија

9 совети што ќе ви помогнат ако немате време да се истуширате наутро

Чувањето неколку листови оризова хартија може да ви помогне ако немате време да го измиете лицето наутро. Оризовата хартија ќе спречи да имате мрсен изглед на лицето. Иако овој метод не е замена за миењето со вода и сапун, тој може да ги намали отворени пори. Овој трик е прилично едноставен: само лесно размачкајте ги лицето, вратот и деколтето со листовите оризова хартија за да го апсорбираат вишокот масло од кожата и да му дадат свеж изглед на лицето.

4. Посипете мала количина талк во прав

9 совети што ќе ви помогнат ако немате време да се истуширате наутро

Ако останавте без дезодоранс, не паничете. Талкот може да се претвори во вашиот најдобар сојузник. Посипете малку на пазувите, стапалата и деловите од телото што најмногу се потат. Талкот во прав ќе ви помогне да ги спречите непријатните мириси, како и да ги одржувате суви деловите на вашето тело што се потат најмногу.

5. Суво четкање

9 совети што ќе ви помогнат ако немате време да се истуширате наутро

Покрај тоа што е одлична опција кога станува збор за стимулирање на циркулацијата на крвта, може да биде и добра алтернатива кога немате време да се туширате наутро. Користејќи природна четка, по можност со долга рачка, можете да се ослободите од одреден број токсини и мртви клетки на кожата.

6. Крпи или влажни марамчиња

9 совети што ќе ви помогнат ако немате време да се истуширате наутро

Постојат производи за еднократна употреба специјално создадени за пригоди кога немате време за туширање. Сепак, имајте на ум дека можете да користите и влажни марамчиња. Но, секогаш внимавајте да користите различно марамче при чистење на лицето, друго за интимните делови и онолку колку што ви требаат за остатокот од вашето тело. Друга алтернатива е да користите чиста крпа и малку да ја навлажните за да го избришете вашето тело.

7. Лосиони и парфеми

9 совети што ќе ви помогнат ако немате време да се истуширате наутро

Најчестиот избор кога не се туширате е да прснете малку парфем или да користите мирислив крем за да ги маскирате непријатните мириси и да се чувствувате свежо. Но, она што малку луѓе го знаат е дека постојат некои клучни области каде што можете да нанесете парфем за неговиот мирис да трае подолго. Тоа се деловите на телото каде што се чувствува вашиот пулс: зглобовите, задниот дел од колената, внатрешниот дел на лактите, тилот и долниот дел на грбот.

8. Сув шампон

9 совети што ќе ви помогнат ако немате време да се истуширате наутро

За да бидете сигурни дека вашата коса не изгледа премногу мрсна, секогаш можете да користите сув шампон пред да излезете од дома. Ако планирате да не се туширате следното утро, можеби ќе сакате да го нанесете претходната вечер. Започнете со расплеткување на косата, поделете ја на делови и прскајте сув шампон на корените на вашата коса. Оставете го да дејствува 10 минути, а потоа истресете ги остатоците и исчешлајте ја косата.

9. Есенцијални масла

9 совети што ќе ви помогнат ако немате време да се истуширате наутро

Присуството на бактерии може да биде една од причините за лошиот мирис на вашето тело. Есенцијалните масла со мирис на нане, портокал или лимон, имаат антибактериски својства што можат да помогнат во борбата против лошите мириси, покрај тоа што ви даваат свежа и пријатна арома. Може да нанесете малку масло на местата каде што најмногу се потите за да се чувствувате почисто и да мирисате посвежо во текот на денот.

Прочитајте што може да се случи со вашето тело ако почнете да се туширате без сапун.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар