9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзо
5. Не оставајте шише вода во автомобилот
Ако имате автомобил голема е шансата во него да чувате шише вода. Без разлика зошто го чувате шишето, имајте на ум дека таа навика е опасна, особено во лето. Проблемот е што водата во шишето е како леќа, па ако сончевите зраци допрат до него, особено на темна површина, може да настане пожар. Можноста дека шишето ќе предизвика оган е мала, но сепак постои.
6. Не ги стискајте мозолчињата
Секој со проблематична кожа го знае правилото за избегнување стискање на мозолчињата. Тие се појавуваат кога порите на лицето се затнуваат од маснотии. Тогаш започнува воспалителниот процес. Ако телото е здраво, тоа праќа бели крвни зрнца за да се справат со штетните бактерии. Токму поради ова кожата може да биде црвена. Кога го стискате мозолчето, страните на пората се оштетуваат и како резултат станува уште поподложна на бактерии. Покрај тоа, ако ги стискате мозолчињата со валкани раце го зголемувате ризикот од инфекција. Ако имате проблематична кожа, најдобро е да се консултирате со дерматолог.
7. Немојте да фотографирате сè со вашиот телефон
Овој совет може да звучи навистина чудно, бидејќи ги користиме телефоните за речиси сè, особено за правење фотографии. Но, резултатите од едно истражување направено од страна ана Линда Хенкел од Универзитетот Ферфилд покажале дека оваа навика ќе направи да испуштите многу важни детали. Проблемот е што кога ја правите фотографијата, вие се фокусирате на неа, а не на она што го фотографирате. Како резултат имате добра фотографија, но нејасно сеќавање. Во истражувањето учествувале две групи. Првата група шетала низ музеј и разгледувала, додека втората само правела фотографии. Со тек на време, членовите од втората група имале проблем да одговорат прашања во врска со изложбите.
8. Не земајте витамини со биолошки активни адитиви
Многу луѓе сметаат дека витаминот Ц може да ги направи имуни на настинка или пак дека биолошки активните адитиви можат да го заменат професионалниот третман. Ако ова е вистина, лекарите би немале работа. Ако имате добра исхрана, нема потреба од витамини бидејќи веќе ги внесувате со вашата храна. Додатоците за исхрана се препорачуваат за луѓе кои имаат недостаток од витамини. Биолошки активните адитиви се користат како извор за активни супстанци ако вашето тело има недостаток од нив. Добро е да се врати рамнотежата во телото, но важно е да знаете дека овие додатоци не се лекови. Не можат да ве излечат ако сте болни.
9. Не ставајте го телефонот што се полни под перница
Телефон што се полни под перница може да резултира со пожар. Причината е тоа што се загрева. И покрај тоа што поновите телефони се унапредени, сепак постојат смартфони чии батерии ја зголемуваат својата температура. Ова значи дека направата или кабелот од полначот можат да се запалат.
Погледнете ги овие моќни чекори што ќе ви помогнат да ги отстраните лошите навики.