9 растенија кои можете да ги одгледувате во вашата кујна
6. Анасон
Постојат два начина за одгледување анасон. Првиот е да го искористите преостанатиот дел од белиот корен. Едноставно ставете го во стаклена тегла полна со вода и оставете го на добро осветлено место. Свежите делови кои ќе израснат после некое време можат да се сечат и да се користат за готвење. Вториот начин е со садење семе во земја, но во овој случај треба да чекате подолго.
7. Ротквица
Ротквицата е совршено растение за одгледување покрај прозорецот во кујната. Најпрво треба два дена да ги држите семињата во топла вода, а потоа да ги засадите во земја, саксија или кутија, не подлабоко од 2 сантиметри. Прекријте ги со проѕирна фолија, редовно полевајте ги и чувајте ги подалеку од провев. Штом почнат да се појавуваат никулци погрижете се да нема премногу, во спротивно нема да имате големи и вкусни плодови. Можете да ја користите истата земја двапати. Но, запомнете дека е добро да почекате барем една недела пред да почнете повторно и да додадете малку вештачко ѓубриво.
8. Нане
Вие многу лесно можете да одгледувате и нане од семиња. Тие треба да се насадат на длабочина од 5 милиметри. Бидејќи нането не сака расквасена земја, најдобро е да го полевате со прскање. Стебленцата би требало да се појават за околу две недели. По четири недели ќе може да уживате во миризливиот чај од нане. Запомнете дека растението не толерира директна сончева светлина и вообичаено повеќе расте под сенка.
9. Ананас
Само најтрпеливите градинари кои сакаат да експериментираат, треба да пробаат да одгледуваат ананас. За оваа цел потребен ви е само горниот дел со лисјата. Свиткајте ги лисјата на врвот од ананасот, но бидете сигурни дека корењата (малите точки на рамниот дел од стеблото) ќе останат недопрени. Потоа откинете дел од подолните лисја, додека не откриете неколку сантиметри од стеблото. Насадете го ананасот во топла, наводнета земја, но погрижете се водата да не се задржува во саксијата. Потребно е редовно да го полевате само додека растението е младо. Штом ананасот стане поцврст, полевајте само еднаш неделно. Ќе забележите дека растението расте во првите неколку месеци, но за првите плодови ќе треба да почекате неколку години.