9 работи за кои ќе се каете после 10 години

9 работи за кои ќе се каете после 10 години

Како што минуваат годините, луѓето често знаат да се каат поради нешто што направиле или можеби не направиле. Постои нешто поради кое се каете? Ви се случило да посакате да се вратите назад во времето и да можете да промените некои работи? Можеби требало многу нешта да направите, а не сте ги направиле и чувствувате дека е доцна.

За следниве работи луѓето се каат, но истите можат да се избегнат ако навреме одлучите дека е време за промена.

1. Да се биде и да се остане во деструктивна врска

Многу луѓе остануваат во деструктивна врска бидејќи се плашат дека нема да најдат друг/а партнер/ка и дека на крај ќе завршат сами. Сепак, 10 години подоцна им станува јасно дека е подобро да се биде сам отколку да се живее со личност која носи многу разочарувања, болка и навреди.

2. Поминувате малку време со вашите сакани

Во циклусот на одење на работа и извршување на домашните обврски, многумина посветуваат премалку внимание на саканите. За жал, тоа доцна се сфаќа, најчесто кога децата ќе пораснат и ќе започнат самостоен живот или кога односот со партнерот ќе се залади, и во краен случај ако им се случи нешто на родителите.

3. Изгубено време

Гледање бесмислени ТВ серии, премногу поминато време на социјалните мрежи, претерано играње игри на мобилен телефон – тоа одзема доста време, а истото може да се потроши на многу покорисни работи и со тоа значајно да се подобри квалитетот на животот.

4. Водење нездрав живот

Здравјето се уништува кога луѓето секојдневно им се препуштаат на искушенијата и имаат лоши навики. Дури и ако нивното здравје во моментов е во ред, после некое време сè ќе се наплати – може да дојде до сериозни последици од несериозниот став кон здравјето.

5. Малку време за патување

Само мал број луѓе не сонува за патувања. Сепак, желбата за удобно патување што не е лесно да се оствари, на крајот останува неостварена токму поради парите. Треба да се има на ум дека може да се патува и за релативно малку пари.

6. Премногу работа

Најчесто, луѓето поминуваат многу време на работа ако немаат некои други окупации или семејство. Треба да се знае дека работата е важна, но да не се заборави дека релаксирањето е исто така неопходно.

7. Одбивање да се учат нови работи

Многу луѓе веруваат дека една диплома е доволна. Убаво е да ја имате, но константниот развој не носи само повеќе прилики за професионален раст туку и ја зголемува самодовербата што е важна и за приватниот и за професионалниот живот.

8. Работа која не ја сакате

Поради неодлучноста да ја напуштат удобната зоната, многумина продолжуваат да работат на места кои не ги сакаат. Ако не ризикуваат и ако не променат нешто во животот може едноставно да исчезнат во работата која не ги интересира.

9. Мечтаење без никаква акција

Ако не се преземе нешто за да се исполнат желбите – сè ќе остане само фантазија. Ако се чека да дојде згодна прилика, таа можеби никогаш нема да се создаде.

Дознајте и кои се 10-те работи што ви го уништуваат животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар