9 работи во вашиот дом кои треба секојдневно да ги чистите
Секој сака да има чиста и уредна куќа, ама не секој е во можност секојдневно да помине неколку часа во чистење. Но, без разлика колку обврски имате, постојат одредени работи во вашиот дом на кои треба да им обрнете повеќе внимание од другите. Погледнете ги овие 9 предмети во домаќинството кои не би требало да ги оставите нечисти ниту еден ден.
1. Кујнски крпи
Некои неодамнешни студии покажале дека крпите за садови се највалканиот предмет во кујната. Истото важи и за малите крпи во вашата бања. Ако ги користите повеќе од еднаш на ден, тогаш тие се валкаат многу брзо, па затоа треба да ги менувате на неколку дена, а ако имате поголемо семејство, тогаш тоа треба да го правите секој ден.
2. Клучеви
Клучевите собираат повеќе бактерии отколку копчињата на лифтот. По правило, речиси никој не ги чисти и секогаш ги допирате со валкани раце. Вие ги ставате во валкани џебови, а честопати ви паѓаат и на земја. Како резултат на тоа, со клучевите носите неверојатни заразни бактерии во вашиот дом. Затоа, нивното чистење со антисептик е од витално значење.
3. Плочките во бања
За да го поедноставите процесот на чистење на плочките во вашата бања, практикувајте секогаш кога ќе завршите со туширањето истите да ги избришете. Одржувањето сува бања ќе ви помогне да го спречите растот на бактериите и мувлата.
4. Сунѓери во кујна
Исто така и сунѓерот може да биде највалканиот предмет во вашата кујна. Со него миете садови, а понекогаш ги бришете и трошките од масата. Најдобар начин да го дезинфицирате е микробрановата печка. Едноставно измијте го темелно и додека уште е влажен ставете го во микробрановата печка една до две минути, на ниска температура. Внимателно надгледувајте го овој процес и веднаш исклучете ја микробрновата ако забележите каков било чад. Но, внимавајте, сунѓерите кои имаат метал на нив не треба да бидат дезинфицирани на овој начин.
5. Мијалник
Грешите ако мислите дека со миењето на рацете или садовите исто така ќе биде измиен и мијалникот. Всушност, постојат голем број микроби и бактерии кои се насобираат на неговите страни.
Преминете на наредната страница, за да видите уште нешта во домаќинството што треба секојдневно да се чистат.