9 работи кои само келнерите ќе ги разберат
Си седите во кафуле или кафеана со друштво и си се забавувате, околу вас има и други маси на кои исто така седат луѓе кои се забавуваат, но не сте само вие овде. Тука некаде се и келнерите кои се грижат вам сè да ви биде по ќеиф. Нивниот свет е сосема поразличен од вашиот и затоа само тие можат да ги разберат овие работи.
1. Знаат колку се тешки непостојаните смени
Секогаш почнуваат и завршуваат во различно време и веќе немаат навика да легнуваат во едно исто време за секогаш да се разбудат одморени. Пополнуваат на нечие место секогаш кога има потреба за тоа, а ако треба да подучуваат и некој нов неискусен келнер тогаш тоа им паѓа уште потешко.
2. Работат повеќе отколку што се платени
Нивната работа сите ја замислуваат како да почнува и завршува со послужувањето и наплаќањето, но има и многу други работи кои треба да ги завршат. Често пати нивните должности вклучуваат и миење и редење на чаши или кревање гајби со пијалаци. Затоа често пати остануваат и после работното време, но дневницата им останува иста.
3. Тие се криви за сè
Кога пивото не е доволно студено, келнерот ги добива жалбите на гостите. Кога храната не им е доволно вкусна, повторно келнерот ги добива критиките. Некој направил неред во тоалетот пред две минути, пак тој или таа го добива подебелиот крај. Немаат контрола над сите овие работи, но секогаш се на тапет.
4. Навредувани се од гостите
Некои луѓе се многу некултурни, но и тие имаат право да седнат во кафеана или кафуле. Проблемот е во тоа што сметаат дека можат да му се обратат на келнерот на каков било начин, да ја потценуваат неговата работа, од него да бараат некои неверојатни работи или да јадат, пијат и истураат како што не прават дома. Тоа ги навредува нив, но и покрај тоа мораат да бидат смирени и љубезни.
5. Знаат дека не е праведно да го делат бакшишот со други
Бакшишот е оставен поради нивната услуга, нивниот љубезен и професионален однос и нивната насмевка. Кога потоа тој бакшиш треба да го поделат со другите колеги или, уште полошо, со сопственикот на локалот, чувството е многу деморализирачко.
6. Амбиентот помеѓу колегите не е баш идеален
Искусни и повозрасни келнери има само по најдобрите ресторани, а повеќето по кафулињата се млади луѓе кои сакаат да заработат некој денар додека да најдат подобра работа. Никој од нив не е таму за да гради кариера како келнер. Кога на тоа ќе се додаде и слабата заработувачка, јасно е дека атмосферата зад шанкот не е секогаш весела.
7. Постојат колеги кои го дојадуваат и допиваат она што го оставаат гостите
Изгледа токму така како што звучи. Не зборуваме само за недопрена храна и пијалаци.
8. Ги знаат желбите и можностите на гостите
Тие се оние кои на девојките им носат пијачки од додворувачите и оние кои знаат колку можат постојаните гости да потрошат на крајот на месецот. Тие имаат можност да набљудуваат и да ги дознаат тајните на некои од нив.
9. Знаат како да скријат дел од заработувачката
Свесни се дека треба да ја пријават целата заработувачка или целиот бакшиш, но знаат како да го скријат тоа со цел да задржат повеќе за себе. Некои сметаат дека тоа е фер со оглед на малата плата што ја добиваат, некои едноставно се алчни па би украле и многу мала сума. Секој келнер знае по некој начин да скрие по малку кеш.