9 работи кои мора да ги знаете доколку сакате да направите надградба на трепките
Вештачките трепки се одличен избор доколку сакате да ги истакнете очите и барем малку да се одморите од шминкањето. Дури и без маскара овие ситни екстензии ќе направат да изгледате дотерано и гламурозно. После само едно искусување на убавината на долгите трепки, никогаш повеќе нема да сакате да се откажете од нив. Меѓутоа, пред да се одлучите за овој чекор, прочитајте ги овие девет новини кои трепките ќе ги воведат во вашиот живот.
1. Трајните трепки се нешто на што не сте навикнати
Тие не се во снопови, ниту пак може да се стават во еден потег. Екстензиите мора да се надградат кај козметичар, кој едно по едно „влакно“, ќе ги залепи на вашите природни трепки. Со соодветна нега и одржување, овие трепки може да издржат и до 4 недели пред да започнат да се одлепуваат и да паѓаат, по што ќе ви биде потребна корекција.
2. Кога ќе се одлучите за надградување, морате да донесете две важни одлуки
Тоа се: Од кој материјал ќе бидат направени вашите трепки и која должина е идеална за вас? Кога е во прашање материјалот, можете да се одлучите за трепки од нерц, свила или од некоја друга синтетика, од што ќе зависи и цената на услугата во салонот. После ова, паметно изберете ја густината и должината за да изгледате соодветно за секоја ситуација во која ќе се најдете. На пример, предолгите трепки не се секогаш пожелни на работното место.
3. Доколку сакате подолги екстензии, морате да ги направите и погусти
Ова мора да биде така за да ги истакнете вашите очи на вистинскиот начин.
4. Морате да мирувате неколку часа после надградувањето
Препораката која што ќе ја добиете од страна на козметичарот е да се обидете да не се потите, плачете, пливате, како и да избегнувате миење најмалку 12 часа по ставањето на трепките, со цел добро да се исуши лепилото. На овој начин, не само што надградбата ќе ви трае подолго, туку и ќе ја спречите појавата на црвенило или иритација на очите.
5. Вештачките трепки мора да се коригираат после неколку недели
Ова сигурно кошта поскапо од купувањето маскара!
6. Надградбата на трепки ќе ви го заштеди времето кое инаку би го потрошиле на шминкање
Не би требало да нанесувате маскара, бидејќи таа може да ги оштети екстензиите, но и повеќе нема да ви биде потребна, исто како и ајлајнерот.
7. Доколку се одлучите за ајлајнер, трепките ќе ви претставуваат големо проблем
Исто така, бришењето на шминката од капаците може да предизвика оштетување на лепилото и кинење на трепките.
8. Може да се случи да добиете иритација на очите по третманот
Навистина, не би сакале да се случи ова.
9. Штом еднаш ги надградите трепките, никогаш повеќе нема да бидете задоволни со вашата природна должина
Па затоа, ќе станете навлечени на овој „вештачки“ изглед, без оглед на цената и непријатностите што екстензиите можат да ги предизвикаат.