9 психолошки трикови што ќе ви помогнат станете најшармантната личност во светот

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат да станете најшармантната личност во светот

Џеф Хејден, еден од највлијателните и најпознатите личности на LinkedIn и автор на речиси 30 бизнис и книги за комуникација, објаснува како некои луѓе лесно може да ја добијат довербата од другите и да создадат позитивна слика за себеси. Во продолжение погледнете ги овие девет карактеристики кои се својствени за шармантните личности.

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат станете најшармантната личност во светот

1. Не се плашат да изгубат

Шармантните личности не се обидуваат да победат во сѐ. Напротив, нивната цел е да даваат повеќе отколку што очекуваат за возврат. Ним не им е тешко да ги признаат своите грешки, неуспеси или да зборуваат за нивните слаби страни. А ова е нешто што не може да го направи секој. Тие лесно може да кажат „Ти завидувам“ или „Не можам да го направам ова, те молам научи ме“, затоа што знаат да ја ценат искреноста и вистинските емоции.

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат станете најшармантната личност во светот

2. Покажуваат дека навистина им е мило што ве гледаат

Контактот со очите е навистина важен кога станува збор за разговарањето, а луѓето кои имаат харизма го знаат ова. Тие се насмевнуваат кога ќе се насмевнете и вие. Не се обидуваат само да повторуваат по вас, туку фокусирани се на она што вие го кажувате и ве слушаат внимателно, обрнувајќи внимание на вашите емоции и зборови.

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат станете најшармантната личност во светот

3. Бараат заедничко разбирање

Поголемиот дел од луѓето несвесно бараат несогласувања, што повеќе може да води кон кавга, отколку кон нормален разговор. Шармантните и харизматични луѓе секогаш бараат заеднички јазик со другите. Па, обидете се да најдете нешто заедничко со вашиот соговорник и тоа ќе ви помогне да започнете интересен разговор и да добиете позитивни емоции.

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат станете најшармантната личност во светот

4. Ја користат моќта на допирот

Допирот е моќна алатка која им помага на луѓето подобро да ги разбираат емоциите. Во еден експеримент, научниците се обиделе да искажат 12 емоции допирајќи ги нивните соговорници, без зборови. Се покажало дека од 50 до 83% од случаите овие чувства биле изразени правилно. Затоа, кога ќе сакате да му честитате нешто некому, помислете како да го направите тоа на подобар начин. Дали да се ракувате или да ги допрете по рамената, тоа зависи од ситуацијата. Ова ќе ви помогне да ја покажете искреноста на вашите зборови, да ги изразите емоциите и да ја добиете довербата на вашиот соговорник.

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат станете најшармантната личност во светот

5. Тие се добри кога станува збор за користење изрази на лицето и гестови

Харизматичните луѓе ги искажуваат своите емоции неверојатно добро и прецизно. Дури и најздодевната приказна тие може да ја претворат во прекрасен разговор. Со нивните гестови и гримаси, тие го покажуваат расположението на приказната.

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат станете најшармантната личност во светот

6. Не се плашат да изгледаат глупаво

Можеби уметничкото лизгање не е нивната најсилна страна, но тие не се плашат да го направат тоа. Бидејќи се доволно љубопитни, луѓето ги почитуваат уште повеќе. Кога ќе бидете подготвени да ги покажете своите слабости и кога нема да се плашите да изгледате глупаво, луѓето нема да ви се смеат вам, туку ќе се смеете заедно.

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат станете најшармантната личност во светот

7. Тие се добри во поставувањето прашања

Шармантните луѓе многу лесно може да ве натераат да зборувате за себе. Тие не се двоумат да ви постават некои прашања, а исто така и отворено зборуваат за себе. Овие луѓе навистина сакаат да знаат што размислувате. Веднаш откако ќе дознаете нешто за одредена личност, почнете да поставувате повеќе прашања и кажете нешто слично за себе. Ова ќе покаже дека имате нешто заеднично што може да биде интересна тема за разговор.

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат станете најшармантната личност во светот

8. Секогаш паметат имиња

Харизматичните луѓе секогаш паметат имиња и други мали нешта со голема прецизност. Откако ќе го слушнете вашето име при поздравувањето со некоја личност која сте ја сретнале само еднаш, вие ќе се чувствувате поважни во разговорот. Нарекувајте ја личноста со нејзиното име, запаметете ги имињата на нејзините пријатели и блиски и ќе оставите повеќе позитивен впечаток.

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат станете најшармантната личност во светот

9. Слушаат повеќе, а зборуваат помалку

Повеќето луѓе не се добри слушатели. Секој сака да ги сподели новостите, но убаво е кога ќе зборувате и ќе видите дека останатите околу вас ве слушаат внимателно и реагираат на вашите зборови. Шармантните луѓе слушаат и повеќе го сакаат ова, отколку да зборуваат. Ова им помага да научат повеќе интересни работи за личноста и да најдат нешто заедничко.

9 психолошки трикови што ќе ви помогнат станете најшармантната личност во светот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар