9 промени што треба да ги направите во 2019-та година ако сакате вашиот живот да заблеска
Голема е веројатноста да ги разгледувате објавите на социјалните мрежи и да мечтаете за она што би можело да се случи – местата што сакате да ги посетите, работата од соништата што можете да ја имате… Но сигурно и не правите многу за да ги манифестирате овие нешта и да ги направите ваша реалност. Доколку сакате вашиот живот навистина да заблеска, важно е да ги направите следниве 9 промени во 2019-та година.
1. Разбудете се и започнете го денот претпладне
Вашиот живот не може да биде авантура ако секој ден се будите попладне. Ништо не функционира на тој начин, особено не во зима кога сонцето заоѓа рано. Иако будењето наутро може да биде навистина тешко, предизвикајте се да станете и да го започнете денот. Дајте си нешто што ќе ве тера секое утро да го чекате со радост. Потоа забележете колку време имате да го претворите вашиот живот во нешто неверојатно.
2. Не давајте ветувања што не можете да ги одржите
Правењето промени во вашиот живот започнува со тоа што ќе преземете одговорност за нештата што сте кажале дека ќе ги направите и ветувањата што сте ги дале. Многу често ги правите овие договори со себе и со другите, но не ги следите. Замислете што би се случило ако ги следевте? Нешто неверојатно.
Па, за вашиот живот да заблеска, држете се до ветувањата што знаете дека можете да ги исполните и ослободете се од другите. Ова ќе направи вие и луѓето во вашиот живот да се чувствуваат подобро, и ви дава повеќе простор за успех.
3. Исклучете се од социјалните мрежи
Во речиси секој момент вашиот телефон ви е во рака и проверувате што има ново. Одново и одново ги вклучувате апликациите коишто само сте ги исклучиле.
Вашиот телефон и социјалните медиуми можат навистина да ви го одвлечат вниманието. Тие ве тераат да гледате во екран наместо во светот околу вас. Предизвикајте се секој ден да направите пауза од технологијата и забележете ги убавината и можностите во вашиот живот.
4. Не грижете се за туѓото мислење
Грижата за туѓото мислење најверојатно е основната причина зошто ви е здодевно во животот. Размислете, колку пати сте дозволиле мислењето на пријателите, па дури и мислењето на некој странец, да ве спречи да направите нешто што сакате?
Можеби не сте ја носеле сината сенка за очи бидејќи пријателката ви кажала дека е премногу нападна, или не сте ја објавиле фотографијата од вас бидејќи некој ќе си помисли дека сте нарцис. Вакви ситуации имало многу, но важно е да знаете кои сте како личност, и да го правите она што ве прави среќни, притоа оставајќи ги туѓите мислења надвор.
5. Читајте повеќе книги и весници
Ако сакате да го зачините вашиот живот, веројатно низ глава ви минуваат мисли како: Морам да купам авионски билет. На многу начини оваа постапка е наградувачка и ќе додаде нешто значајно во вашиот живот. Но дали некогаш сте помислиле да читате повеќе книги?
Читањето е одличен и релаксирачки начин да направите вашиот живот да заблеска. Тоа ви ги отвора умот и срцето за нови можности, страсти и други светови, и сето тоа од удобноста на вашиот дом.
6. Не плашете се сами да правите работи
Многу е нормално да се двоумите и да бидете нервозни да правите нешто сами. Но овие чувства само ве спречуваат да го имате животот од соништата. Всушност, сите ваши стравови ве спречуваат да направите одлични сеќавања со себе, а ова е нешто неверојатно.
Вистината е дека не секогаш ви е потребен некој покрај вас. Всушност понекогаш е добро да поминете време со себе, да испиете кафе, па дури и да одите на патување сами. Започнете со мали чекори, и напредувајте кон поголеми авантури.
7. Направете избори за вашиот личен стил
Важно е да бидете храбри во аспекти кои можеби ги игнорирате сега. На пример, можеби сакате да разговарате повеќе со пријателите или да започнете нов проект на работа. Исто така можеби ќе сакате да направите некои избори за вашиот личен стил.
Досега сте ги носеле последните трендови и не сте скршнувале многу од вообичаените продавници. Тоа е сосема во ред, но немојте да се ограничувате само затоа што не истражувате. Најдете палета бои и држете се до неа, или инвестирајте во малку парчиња облека што прават да се чувствувате удобно.
8. Не се расправајте за ситници
Едноставно, немојте да се расправате за ситници, особено не со луѓето што ги сакате. Ова е само залудно трошење време и енергија и нема да реши ништо. Наместо тоа најдете начин да имате конструктивен разговор и однесувајте се како возрасни.
9. Прославувајте ги и малите победи
Нема секој момент од животот да ви биде како на филм, но ќе имате многу моменти кои можете да ги наречете „мали победи“. Ова се периодите кога ќе завршите нешто мало, но значајно, како чистење на целиот стан, успешна грижа за кактусот или одбирање на фонт за вашето лого.
За некој овие нешта нема да бидат причина за прослава, и тоа е во ред. Прославувајте ги овие моменти со себе, за себе. Животот ќе бидете многу поинтересен ако го правите тоа.
Прочитајте ги и овие кратки совети за подобар живот.