9 придобивки од лежењето на под

9 придобивки од лежењето на под

Постои посебна причина зошто повеќето Азијци претпочитаат да спијат на под и да користат тенки душеци одошто да спијат на удобен кревет. Навистина постојат неверојатни здравствени придобивки од лежењето на под, за кои остатокот од светот не е свесен. Имено, Азијците веруваат дека колку поблиску сме до земјата толку повеќе енергија добива нашето тело. Ова не е само суеверие, туку постојат научни истражувања кои го докажале ова тврдење. На почетокот можеби ќе ве боли грбот поради тоа што сте навикнале да лежите во топол и мек кревет, но по само неколку ноќи спиење на под, ќе почувствувате неверојатна разлика. Ова се 9-те најголеми здравствени придобивки од лежењето на под…

9 придобивки од лежењето на под

1. Здрава половина и прешлени

Кога спиеме на кревет со мек душек, не сме ни свесни дека нашата половина и прешлени можат да се свиткаат и да се искриват што може да остави негативни последици по нашето здравје. Поради тоа, лежењето на цврста подлога е одлично за половината. Половината е средиштето на нервниот систем, па така нејзиното здравје ќе влијае на целиот систем, а најмногу на неговиот централен орган – мозокот.

2. Цврсти и затегнати рамена

Кога душекот е премногу мек, рамената се виткаат и премногу се опуштаат. Кога лежиме на подот, нашето тело ќе биде принудено да се прилагоди на подот кој е цврст и немилосрдно рамен. Самата анатомија на рамената ќе ги следи таквите околности, што значи дека рамената ќе станат цврсти и затегнати при одењето и стоењето.

3. Одлично е за вратот

Речиси секое движење на нашето тело во која било ситуација предизвикува виткање на вратот. Постојаниот напор многу оптеретува вратот. Лежењето на подот ќе го принуди вратот да биде позициониран паралелно со таванот. Тоа е одлична вежба за вратот, слична на онаа кога се обидуваме да спиеме без перница.

4. Го одржува ставот на телото

Јасно е дека лежењето на подот влијае на правилното држење на телото. Правилниот телесен став подразбира здрава половина и прешлени со исправен врат и цврсти рамена. Лежењето на подот може да го направи држењето на вашето тело совршено во секој момент.

9 придобивки од лежењето на под

5. Ја олеснува главоболката

Постојат многу фактори што предизвикуваат главоболка. Иако некои од нив можат да бидат навистина лош знак, ако главоболката се јавува само привремено кога сте под стрес или чувствувате недостаток на сон, тогаш тоа е нормално. Се препорачува да се користат што е можно помалку лекарства, па затоа наместо да земете аналгетик, можете да лежите на под за да си ја олесните главоболката или целосно да се ослободите од неа. Ова е најприродниот начин на справување со мигрената.

6. Инстант решение за подуен стомак

Иако нема доволно истражувања за да ја потврдат поврзаноста, постојат извесни докази дека лежењето на подот може да ви помогне да се ослободите од подуеноста на стомакот. Потребно е да се откријат главните причини за оваа појава, но лежењето на рамен под дефинитивно може да ви помогне да ги ублажите симптомите на подуеност.

7. Го балансира протокот на крв

Главоболката најчесто се јавува кога главата не добива доволно кислород. Главната функција на крвта не е да носи само хранливи материи, туку и кислород. Лежењето на подот може да ви помогне да го урамнотежите протокот на крвта во крвните садови за да може крвта рамномерно да се распредели во организмот.

8. Го смирува умот

Мора да постои добра причина зошто повеќето психотерапевти бараат од нивните пациенти да лежат на каучот во текот на терапијата. Тоа е така, затоа што лежењето може да му помогне на умот да се смири и стабилизра. Секогаш кога ќе почувствувате дека сте под стрес, легнете на подот и смирете се. Ќе бидете изненадени од тоа колку е ефикасен овој едноставен потег!

9. Го опушта телото

Лежењето на подот може да биде корисно и за нашето тело. По долгиот и напорен ден на работа, единственото нешто за коешто размислувате е туш и кревет. Покрај ова, може да додадете уште еден ритуал кој ќе ви помогне да го опуштите телото, а тоа е лежењето на подот. По туширањето, наместете си постелнина на подот и ќе заспиете како бебе!

Доколку сакате да си го подобрите здравјето, следниве положби за спиење ќе ви ги олеснат најчестите 10 здравствени проблеми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар