9 причини зошто уште денес треба да ја намачкате вашата коса со кокосово масло

9 причини зошто уште денес треба да ја намачкате вашата коса со кокосово масло

Ако се исхранувате здраво, тогаш сигурно многу добро ги знаете здравствените придобивки на миризливото и вкусно кокосово масло. Но, дали сте знаеле дека тоа може да биде неверојатно и за вашата коса?

Кокосовото масло е одлично за вашето здравје, за вашата кожа, како и за вашата коса. Прочитајте ги следниве придобивки од него за вашата коса што ќе ве натераат уште веднаш да ја намачкате и скоро инстантно да почувствувате разлика.

1. Тоа продира до коренот на влакното, не делува само површински. За разлика од другите масла, кокосовото ја храни ваша коса до самиот корен.

2. Ја омекнува сувата коса. Кокосовото масло, меѓудругото, се користи и како „силикон“ бидејќи ја омекнува косата и ги исправува кадриците.

3. Ја смирува косата. Кокосовото масло ја прекрива косата со заштитен слој што е отпорен на статички електрицитет.

4. Го зголемува сјајот на косата. Благодарение на својот состав, тој ја обновува и зајакнува косата и ѝ помага да се бори против голем број штетни надворешни влијанија.

5. Го забрзува растот на косата. Тајната е во тоа да се користи секојдневно. Сè што треба да направите е да ставите кокосово масло на коренот и да го оставите да делува половина час.

6. Добро е за сите видови коса. Тоа ја хидрира и ја храни сувата коса, но исто така ја регулира маснотијата и ја подобрува pH вредноста.

7. Делува антибактериски и антигабично. Со други зборови, може многу да ви помогне против првутот, како и против лупењето на кожата на главата.

8. Богато е со витамини. Витамините Е, К и железото што се содржи во кокосовото масло е одлично за нега на косата и за нејзиниот здрав раст.

9. Лесно може да се најде. И воопшто не е скапо.

Како правилно да го користите?

Нанесете го на целата коса, од коренот до врвовите. Добро втријте го во кожата на главата, а потоа завиткајте ја косата во топол пешкир. Оставете да делува 30 минути, а веднаш потоа измијте ја косата на вообичаениот начин.

Важно е темелно да ја измиете косата за да не се задржи маснотијата на неа, особено ако имате тенка коса. Резултатот? Сигурно ќе ви ги надмине сите ваши очекувања! Косата ќе ви биде одлично хидрирана и ќе има поголем волумен и флексибилност. Таа ќе изгледа како да сте излегле од фризерски салон.

Можете слободно сами да ги правите овие третмани, но важно е да користите 100-процентно чисто кокосово масло. Ако никогаш не сте пробале или пак виделе кокосово масло, тоа е провидно, а на температура под 24 степени малку се згуснува и изгледа како бела маса.

Иако топлината е неопходна за кокосовото масло да продре до внатрешноста на влакното, сепак избегнувајте сонце додека тоа е на вашата глава, бидејќи ако прегрее, може да ви ја изгори косата.

Благодетите на кокосовото масло – 100 примени и придобивки!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар