9 причини зошто интровертите треба да станат писатели

9 причини зошто интровертите треба да станат писатели

Никој не знае подобро од интровертите што значи да не може да се најде своето место во општеството. Тие се премногу тивки, премногу повлечени и премногу изгубени во нивната глава за да бидат прифатени од мнозинството екстроверти. На другите им е чудно како можат да уживаат во времето поминато сами под ќебе со добра книга и шолја чај. Но, немојте да се грижите за тоа. Правете го она што ве прави среќни.

9-prichini-zoshto-introvertite-treba-da-stanat-pisateli-kafepauza.mk

За интровертите може да биде многу потешко да најдат работа. И покрај ова, постојат многу работи кои можете да ги работите, а една од нив е да станете писател. Следниве 9 причини ќе би покажат зошто.

1. Нема потреба од полнење

Зарем вашиот сон не е да работите сами? Кога пишувате сте само вие, вашиот лаптоп и шолја кафе. Ништо друго и никој друг.

2. Се цени креативноста

Зарем не уживате најмногу во креативна работа? Докажано е дека интровертите се можеби најкреативните луѓе, па зошто да не работите нешто што ќе ви дозволи да го покажете тоа.

3. Дозволено е мечтаењето

Колку време поминувате размислувајќи за нови идеи, смислувате разговори или пак, се замислувате во одредена ситуација? Пишувањето ќе ви овозможи да го правите токму тоа, да живеете во вашата глава.

4. Нема потреба од неудобна комуникација

За разлика од интровертите, вам ви е потешко веднаш да дадете одговор на комплицирано прашање. Исто така ви е тешко да дискутирате за некој проблем со група луѓе. Запрашајте се дали повеќе сакате орална или пишана комуникација.

5. Читање, читање, читање…

Ако сте интроверти, сигурно уживате во добра книга. Како што рекол Стивен Кинг, добрите писатели читаат многу. Зарем ова не значи дека сте совршени за оваа работа?

6. Нема повеќе здодевност

Нема нешто што ги заморува интровертите и што им е здодевно повеќе од забави и настани со многу луѓе. Пишувањето од друга страна ќе ве држи зафатени постојано. Ќе го поминувате вашето време создавајќи нови сцени и ликови, ќе истражувате и ќе ги запишувате вашите мислења и идеи.

7. Удобна облека

Интровертите уживаат во удобна и практична облека. Бидејќи ќе работите од дома, можете дури цел ден да го поминете во пижами.

8. Работење во вистинска околина

Сигурно лесно ви се одвлекува вниманието во гужви. Вам ви е потребен мир за да се сконцентрирате. Во зависност од тоа што ќе пишувате, можете да работите од дома или пак во мирна канцеларија.

9. Ќе имате енергија за социјализирање

Интровертите имаат потреба да бидат сами за да се наполнат со енергија. Бидејќи многу често ги сметаат за асоцијални, тоа може да им претставува проблем. Но, пишувањето може да ви помогне со оваа ситуација. Всушност, пишувањето е одлична „терапија“ за интровертите.

Дали можете да заработувате од пишување?

Во зависност од важите желби и таленти, не мора да пишувате романи. Можете да бидете автор за списание или веб-сајт, новинар или пак да водите свој блог. Има многу можности за авторите.

Погледнете ги и овие совети кои ќе ви помогнат да напишете добра книга.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар