9 причини да патувате со партнерот пред да се земете

9 причини да патувате со партнерот пред да се земете

Патувајте со вашиот партнер пред да се земете. Животот е големо патување, па една таква авантура може да ви даде претстава за тоа каков всушност е вашиот партнер и како е да се патува со него/неа. Исто како што може да ви помогне да се откриете и сфатите самите себеси, патувањето може да ви помогне да ја сфатите и вашата врска поради овие девет причини.

9 причини да патувате со партнерот пред да се земете

1. Надвор од зоната на комфорот

Патувањата се излез од зоната на комфорот. Тогаш излегувате од оној емоционален простор во кој добро се познавате и чекорите на непозната територија на која не сте биле заедно. Тоа ќе ви овозможи да видите како функционирате заедно кога ќе се соочите со некој неочекуван тест и со разни други препреки кои се појавуваат на патот до хармонијата по која сте отишле.

2. Темпо на истражување

Ќе го откриете и темпото на истражување на околината кој го има секој од вас. Можеби двајцата заедно ќе го правите тоа, но можеби едниот ќе сака да остане да лежи в кревет додека другиот е полн со елан да дознае што крие тоа место. Темпото со кое ги истражувате местата може да ви каже за темпото со кое ќе истражувате различни нешта во текот на животот и начинот на кој двајцата балансирате меѓу своите потреби и обврски кон другиот.

3. Спомени

Патувањето создава спомени. Дури и кога ќе се случи некоја глупост по некое време на тоа ќе се сеќавате како на анегдота. А зарем има подобра личност за создавање спомени од вашиот партнер?

9 причини да патувате со партнерот пред да се земете

4. Компромис

Патувањето е нуркање во непознатото. Никогаш не можете до детаљ да испланирате што ќе се случува и затоа ќе биде потребно да направите бројни компромиси. Начинот на кој ќе се договарате додека патувате многу веројатно ќе биде слика на она што веќе го практикувате во секојдневниот живот. Кога ќе бидете таму сликата ќе ви се избистри и до извесен степен ќе се промени. Притоа важно е дали двајцата ќе бидете спремни на компромиси додека се соочувате со непредвиденото.

5. Тест на трпението

Ќе го видите вашиот партнер на дело додека се нервира поради долги редици на аеродром, одложени летови, пропуштени автобуси или штрајкови на машиновозачи. Тоа е одлична можност да видите како тој/таа реагира на тоа. Ќе научите дали се вкочанува и се жали, дали ги обвинува другите и вас или пак е ориентиран/а кон наоѓање на решение. Ќе сфатите и како можете да се справите со него/неа кога е соочен/а со ваков проблем на патот.

6. Тест на издржливост

Кога-тогаш ќе се соочите со непроспиени или малку проспиени ноќи поминати во чекање на некаков лет или автобус. Ќе се соочите и со взаемната раздразливост која е последица на непроспиените ноќи.

9 причини да патувате со партнерот пред да се земете

7. Трошење пари

Начинот на трошењето на парите е еден најважните критериуми по кој се бира друштво за патување. Во случајот кога се работи за партнери пред кои има перспектива за заедничка иднина, патувањето покажува дали можат заеднички да трошат пари или тука треба да се усогласуваат. Ако едниот партнер сака да престојува во хотели и да јаде по ресторани, додека другиот сака поевтин престој и храна со цел да има пари да патува што е можно подолго и подалеку, тогаш има тема на која треба да се разговара.

8. Справување со туѓи култури

Луѓето на два начини се справуваат со туѓите култури: или се игнорантни кон она што е туѓо или љубопитно испитуваат што е она што го гледаат околу нив без да осудуваат. Некои луѓе сметаат дека земја која не е покриена со асфалт е нецивилизирана, а други сфаќаат дека тие се сиромашни за сметка на некои други земји и оттаму црпат искуства. Тоа ќе ви покаже како вашиот партнер се справува со она што не припаѓа во неговиот свет.

9. Тест на вреднување на нештата

На патувањето ќе сфатите што е она што ве восхитува. За некого тоа се музеите и библиотеките, друг сака да лежи по паркови и да се забавува по барови. Можеби вие сакате бесцелно да скитате по градот и така да откривате што тој има да понуди, а другиот сака да ги види само „битните“ работи. Дали евентуалните разлики ви предизвикуваат проблеми? Неколку дена на пат ќе ви помогнат да го откриете сето тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар