9 правила за среќно семејство кои всушност не фунционираат
5. Најдете заедничка активност
Нема ништо полошо од тоа да го форсирате вашиот партнер да ги дели вашите интереси. Ако тој не сака да оди во театар или на изложба, а вие немате никаков интерес за спорт, тогаш овие работи правете ги одделно. На овој начин и двајцата ќе бидете полни со позитивни емоции, а тоа навистина ќе ја подобри атмосферата дома.
6. Немојте да се расправате за ситници
Нема потреба да ги преболувате вашите жалби во тишина. Ако го правите тоа, еден ден ќе „испукате“ а тоа ќе доведе до сериозен конфликт. Зборувајте за работите кои не ви се допаѓаат веднаш. Бидете искрени и ќе сфатите дека многу „забранети“ теми можат да се дискутираат и да се решаваат мирно.
7. Децата секогаш се на прво место
Родителите, се разбира, треба секогаш да бидат овде за нивните деца кога им се потребни, треба да се грижат за нив и да ги заштитат. Но, ова не значи дека вие и вашиот партнер треба да заборавите на себе. Одберете една вечер од неделата, или барем една од месецот, само за вас двајцата.
8. Претворете го заедничкиот живот во забава
Заемната поддршка не треба да значи да трпите сè. Најважно е да чувствувате позитивни емоции. Ако нешто ви врши многу притисок, и сакате само да се опуштите дома после напорната недела, никој нема право да ви го забрани тоа.
9. Работете на вашата врска
Многу луѓе го сфаќаат овој совет премногу буквално. Некои двојки поминуваат премногу време разговарајќи за тоа каде погрешиле, додека другите веднаш бараат брачен советник. Но, најважното нешто што треба да го направите во тешките моменти е да се одморите, да ги заборавите проблемите и да избегнувате да создавате нови. На овој начин ќе сфатите дека не ви е потребна трета личност за да ви ја среди врската.
Прочитајте ги и овие смешни цитати за бракот.