9 новогодишни одлуки кои треба да ги направите со вашата сестра
5. Навивајте една за друга
Ако вашата сестра навива за вас, ќе ви биде многу полесно да стигнете до целта. Дури и ако ви е срам да ја кажете вашата желба, сигурно нема да ви претставува проблем да ѝ кажете на вашата сестра. Можете да си помагате да го добиете посакуваното унапредување, или пак заедно да се подготвите за интервју во омилената компанија. Без разлика која е вашата цел, секогаш поддржувајте се и мотивирајте се една со друга.
6. Формирајте клуб на читатели
Одберете некоја книга која сакате да ја прочитате. Ако не знаете од каде да почнете, секогаш е добро да се вратите на серијалот Хари Потер. Ова е одличен начин да се чувствувате поблиску до вашата сестра ако живеете на различни места.
7. Почнете да штедите заедно
Ако ви е потребно да заштедите некој денар во новата година, обидете се да го правите тоа заедно со вашата сестра. Можете да почнете од „копање“ по гардероберите каде што ќе ја најдете облеката која повеќе не ви е потребна. Можете да си ја размените наместо да купувате нова облека, или пак да ја продадете па да заработите нешто плус.
8. Помагајте си за момчиња
Ако и двете барате нова љубов во новата година, зошто да не си помогнете? Сестрите секогаш ги даваат најдобрите совети за момчиња. Можете да бидете сигурни дека таа ќе биде брутално искрена за момчето што ви се допаѓа, и сигурно веќе знаете дека има шесто сетило кога станува збор за вас.
9. Танцувајте повеќе
Кога сте под стрес, танцувајте. Кога сте тажни, танцувајте. Кога ви е здодевно и барате нешто забавно, танцувајте! Одвојте што е можно повеќе време за оваа активност и танцувајте како никој да не ве гледа.
Погледнете и како конечно да ги исполните новогодишните одлуки.