9 новогодишни одлуки кои треба да ги направите со вашата сестра

9 новогодишни одлуки кои треба да ги направите со вашата сестра

Ако имате сестра, знаете дека таа е личност која не можете да ја опишете со зборови. Таа е вашиот најдобар пријател и вашата друга половина. Со наближувањето на новата година, секој од нас почнува да прави планови. Па зошто да не направите некој план и со вашата сестра?

(1)9-novogodishni-odluki-koi-treba-da-gi-napravite-so-vashata-sestra-kafepauza.mk

Во 2018-та здружете ги вашите сили и помогнете си да ја направите следната година најдобра досега, а еве и неколку предлози за како да го сторите тоа.

1. Патувајте повеќе

(2)9-novogodishni-odluki-koi-treba-da-gi-napravite-so-vashata-sestra-kafepauza.mk

Патувањето е нешто што секој сака да го прави почесто, а тоа е многу полесно кога имате пријател за патување. Можеби оваа година конечно ќе отидете на авантурата за која долго сонувате. Или пак, ако живеете на различни места, посетувајте се почесто во новата година.

2. Направете рутина за вежбање

(3)10-novogodishni-odluki-koi-treba-da-gi-napravite-so-vashata-sestra-kafepauza.mk

Може да биде навистина тешко да пронајдете рутина за вежбање која е добра за вас, особено ако не ги сакате теретаните. Но ако го направите тоа со вашата сестра, ќе имате личност која ќе ве мотивира, а вежбањето ќе ви биде забавно. Покрај тоа, вежбањето ќе ви биде изговор за да се гледате почесто, а истовремено и да работите на вашето здравје.

3. Одвојте повеќе време за разговор

(4)10-novogodishni-odluki-koi-treba-da-gi-napravite-so-vashata-sestra-kafepauza.mk

Поминувањето време со личноста која ја сакате е навистина важно. Ако вие и вашата сестра имате натрупан распоред, или пак живеете во различни градови или држави, може да биде навистина тешко да се гледате редовно. Можеби секој ден си разменувате пораки, но веројатно веќе сте свесни дека тоа не е доволно. Ако живеете на исто место, одредете еден ден од неделата кој ќе биде само за вас двете. Ако не живеете во ист град, секогаш можете да направите видео повик.

4. Документирајте ја вашата година

(5)10-novogodishni-odluki-koi-treba-da-gi-napravite-so-vashata-sestra-kafepauza.mk

Денес постојано правиме фотографии, без разлика дали е за Инстаграм или Снепчет. Направете си цел со вашата сестра да ја документирате целата година заедно преку фотографии и видеа. На крајот на годината ќе ви биде многу забавно да го споите сето она што сте го доживеале во едно видео.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар