9 нешта што не сфаќате дека луѓето ги прават поради несигурност

9 нешта што не сфаќате дека луѓето ги прават поради несигурност

Колку пати ви се случило да не можете да разберете нечии дела или пак, да останете збунети од нечија постапка? Можеби ве навредиле без причина или направиле да се почувствувате виновно за нешто со што знаете дека немате никаква поврзаност? Ако размислите, големи се шансите овие луѓе да страдаат од несигурност, па со нападот кон вас да се обидуваат да се почувствуваат „поголемо“ или помоќно. Во продолжение погледнете ги 9-те нешта што сите луѓе ги прават исклучиво поради несигурност…

9 нешта што не сфаќате дека луѓето ги прават поради несигурност

1. Постојано напаѓаат – Едноставно не постои сигурна и самоуверена личност што ги осудува или напаѓа луѓето околу себе без очигледна причина. Тие немаат потреба да направат некој друг да се чувствува лошо, за тие да се чувствуваат добро.

2. Не ја предаваат контролата – Самоуверените луѓе знаат како да се адаптираат на повеќето ситуации, дури и кога се чувствуваат непријатно. Но, оние што имаат недостаток на самодоверба имаат потреба да го контролираат секој детаљ од својата околина, вклучувајќи ги и луѓето.

3. Постојано се фалат за своите постигнувања – И тоа го прават на начин да се почувствувате виновно што и вашиот живот не е толку „совршен“ како нивниот. Не постои самоуверен човек што постојано говори за себе, на тој начин сакајќи да се почувствува помоќно и сакано.

4. Одбиваат да признаат дека згрешиле – Не постои човек на оваа планета што не направил барем една грешка. Повеќето од нив лесно ја признаваат својата грешка и продолжуваат понатаму, но несигурните луѓе почнуваат да обвинуваат други со цел да се убедат себеси дека се безгрешни.

5. Ви нанесуваат вина – Ако сте самоуверена личност, тогаш сигурно знаете дека вашата вредност не постои во очите на другите, туку во вас лично. Кога некој постојано бара да ја докажете вашата љубов, тој ни самиот нема љубов за себе, па ве манипулира со вина за внимание.

6. Прават изговори за неостварување на целите што ги сакаат – Несигурните личности никогаш нема да преземат одговорност за околностите. Тие постојано бараат изговори за да се одржуваат себеси на ниско ниво (ако не пробаат, не можат да не успеат!).

7. Намерно стапуваат во контакт со нешта што ги прават несреќни – Сигурни ви се добро познати оние луѓе што постојано се жалат за работата или врската, но никогаш не даваат отказ или раскинуваат. Токму недостатокот на самодоверба ги држи заглавени на несреќно место.

8. Потрага по совршенство – Вистински самоуверените луѓе знаат дека совршенството е невозможна цел. Тие го гледаат светот преку очилата на реалноста, а не идеализмот. Несигурните луѓе пак, го бркаат совршенството по секоја цена.

9. Се оградуваат од нови ситуации – Несигурните луѓе го чуваат својот свет мал за да не се чувствуваат преплавено. Тие не си веруваат со големи промени, па затоа одбиваат да ги доживеат и остануваат онаму каде што им е удобно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар