9 нешта кои се поважни од CV-то кога аплицирате за работа

9 нешта кои се поважни од CV-то кога аплицирате за работа

Кога сте во потрага по работното место од вашите соништа, треба да размислите за многу нешта. Каде сакате да работите и што сакате да правите? Дали вашата диплома воопшто вреди нешто во оваа кариера, или можеби пак треба да се издвоите со нешто друго?

9 нешта кои се поважни од CV-то кога аплицирате за работа

Повеќето луѓе мислат дека најважното нешто при аплицирањето за работа е да имате совршено напишано CV. Секако, тоа е од голема важност, но има и неколку други детали кои можат да бидат пресудни за да ве изберат токму вас. Еве девет нешта кои се поважни од CV-то кога сте во потрага по совршената работа за вас.

1. Познавање на компанијата во која аплицирате

Истражување! Запознајте се добро со работата на неколку компании во кои би сакале да аплицирате. Не трошете го времето на другите. Не појавувајте се на интервјуто за работа без конкретно познавање за компанијата. Би требало да знаете кога е формирана, кој е директор, со што се занимава таа компанија и каде треба да се насочи во иднина. Треба да покажете дека ова е навистина работа за вас.

2. Врски

Живееме во свет во кој врските и познавањето на одредени луѓе, значително помагаат при барањето на совршената работа. Не е важно само она што го знаете, туку и кого познавате. Можеби звучи лошо, ама тоа е реалноста. Но, запознавањето со луѓе на клучни позиции не мора секогаш да биде ужасно. Присуствувајте на сите саеми за работа и вмрежувања на компаниите од вашата област. Така ќе запознаете многу луѓе кои се вклучени во таа дејност и кои можат да ви помогнат.

3. Личен веб-сајт

Личниот веб-сајт може да ви биде одлична замена за CV. Денес секој користи интернет, а вашиот интернет профил може да ви ја даде потребната предност во светот на бизнисот. Вашиот веб-сајт ги илустрира вештините и способностите, но и ви дава можност да се искажете на многу поинтересен начин отколку на парче хартија. Исто така имате можност да прикажете примери од досегашните проекти.

4. Реални цели

Пред да почнете да барате работа, запишете ги вашите цели кои треба да бидат реални и остварливи. Најпрво треба да направите план за дејствување пред воопшто да помислите да аплицирате за таа работна позиција. Ако се држите до прецизно дефинираните цели и остварливиот план, брзо ќе најдете работа која ви одговара.

5. Врвни вештини при интервјуирање

Совладувањето на вештините кои ви се потребни кога сте на интервју е од голема важност за сите кои бараат работа. Секој може да изгледа одлично кога се претставува преку компјутерскиот екран, но средбата лице в лице е нешто сосема различно. Ако делувате очајно во текот на интервјуто, никој нема да се сеќава на вашите вештини наведени во CV-то.

6. Хоби

Ако саката да го воодушевите новиот работодавач, покажете му дека имате интересни и забавни активности кои не се поврзани со работата. Ова покажува дека вие сте интересна и занимлива личност. Покажете им на потенцијалните работодавци дека не сте само име во распоредот, туку прекрасна личност со која ќе сакаат да се спријателат.

7. Преставете се брзо и прецизно

Луѓето многу кратко го задржуваат вниманието на одредено нешто и сакаат брзо да ги процесираат новите информации. Тие сакаат да слушнат важни факти, во што пократко време. Кога станува збор за личното претставување, треба да бидете брзи и прецизни. Мора да најдете начин како да ги покажете вашата биографија и вештини, како и причината зошто вие сте совршениот кандидат за тоа место, во помалку од три минути. Колку сте попрецизни, толку подобро ќе ве запаметат.

8. Добар сон

Познато е дека ни се потребни седум до осум часа спиење за да функционираме нормално. Знаејќи дека вашето интервју за работа е следното утро, сосема е нормално да станете навистина нервозни и вознемирени. Но, наместо цела вечер да останете будни и во паника, мора добро да се наспиете. Напијте се шолја чај и легнете си порано, за да се разбудите свежи и полни со енергија за новите предизвици.

9. Самодоверба

Последно, но не и најмалку важно, е фактот дека мора да имате самодоверба. Нема да е воопшто важно колку знаете и дали сте квалификувани за тоа работно место, ако не верувате во себе. Самодовербата е заразна. Луѓето ја чувствуваат. Влезете во просторијата како веќе да сте ја добиле работата. Поставувајте прашања и покажете интерес за да ги смирите нервите. На тој начин веднаш ќе им се допаднете на луѓето кои ве интервјуираат и ќе бидат благодарни што одвоиле време да се сретнат со вас. Ако на интервјуто дојдете полни со самодоверба и желба да ги импресионирате потенцијалните работодавци, ќе бидете еден чекор поблиску до првата плата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар