9 нешта кои можете да ги научите од вашата силна мајка

9 нешта кои можете да ги научите од вашата силна мајка

Таа е силна и независна жена која знае што сака од животот и како да го добие истото. И покрај тоа што има семејство кое го сака со целото срце, таа исто така има и успешна кариера во која секојдневно се вложува. Среќа е да се живее со толку моќна мајка, бидејќи од неа можете да ги научите најдобрите животни лекции.

9 нешта кои можете да ги научите од вашата силна мајка

1. Ќе ја научите вредноста на независноста. Вие многу добро знаете дека не ви е потребен маж за да ве спаси или да се грижи за вас, бидејќи сте свесни дека можете да живеете исполнет живот без да мора да го споделувате со друга личност. Вие знаете дека бракот, градењето дом, имањето деца и готвењето може да се постигне паралелно со успешна кариера.

2. Ќе го научите значењето на безусловната љубов. Кога гледате како вашата мајка го жртвува нејзиното време, здравје и младост за вас и вашите браќа и сестра, без да жали за стореното, вие сфаќате колку е важна нејзината улога во вашиот живот. Фактот што таа ги прави сите овие нешта со насмевка на лицето ви ја покажува вистинската сила на жената во денешниот свет.

3. Ќе научите како да се сакате себеси. Вие ќе знаете како да ги оставите зад себе сите оние нешта кои не се за вас, но и ќе научите како да продолжите да се движите напред во свет кој е против вас. Вашата мајка ви покажала дека лошите настани во животот, како скршеното срце и неуспехот, не се нештата кои ве дефинираат како личност, туку оние кои ве прават посилни одошто сте биле.

4. Ќе научите дека истовремено можете да бидете и силни и нежни. Силните мајки најчесто се многу чувствителни, иако тоа го кријат подобро од останатите. Но, вие ја имате видено како вашата мајка тивко плаче, или седи будна цела ноќ за да се грижи за вас кога сте болни, па знаете дека токму ранливоста е тоа што го прави човекот посилен.

5. Ќе научите дека не е лесно да се биде жена. Иако нештата се многу променети од порано, на жените сè уште им е тешко да бидат сфатени сериозно во овој свет. И покрај тоа што треба да бидете погласни за да ве чујат, вие благодарение на вашата мајка знаете како да се издвоите од толпата и да покажете кои сте навистина и за што сте способни.

6. Ќе научите дека никогаш не треба да гледате наназад. Вие знаете дека не треба да се препуштите на „што ако“ размислувањето кое има моќ да го преврти вашиот живот наопаку. Токму затоа и постојано гледате нанапред, свесни дека сè што ви се случило во животот, без разлика дали е добро или лошо, ви помогнало да дојдете до овој момент во вашиот живот.

7. Ќе ја научите важноста на трпението и вербата. Вие полека учите дека секоја бура поминува и дека утре е сосема нов ден. Затоа и знаете како да бидете потрпеливи со животот, со вашето време, со успехот, како и со проблемите. Трпението само ја зголемува вашата сила, додека вербата во себе секојдневно ве тера да се движите нанапред.

8. Ќе научите како да создадете сопствена среќа. Вие можете да најдете среќа дури и во најтешките моменти од животот. Можете да бидете среќни дури и ако ја носите тежината на светот на вашите рамена. Вашата силна мајка секојдневно ве учи дека секогаш постои нешто што може да ве насмее, само треба да се обидете да го најдете.

9. Ќе научите како да бидете добра мајка. Вие сте биле израснати од мајка која ви покажала како вистински да се грижите за семејството, дека трудот се исплати и дека можете да сакате некого безусловно. Таа ви покажала и како да бидете заштитници полни со љубов, добрина, сочувството, сила и отпорност. Токму затоа и ги следите нејзините стапки секојдневно…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар