9 неочекувани причини за болка во забите - Part 2

9 неочекувани причини за болка во забите

6. Проблеми со синусите

9 неочекувани причини за болка во забите

Синусната инфекција е воспаление што може да предизвика забоболка, особено на горните заби. Ако чувствувате болка, најдобро е прво да посетите заболекар, па тој ќе ви каже дали проблемот е со забите или со синусите.

7. Неодамна сте посетиле заболекар

9 неочекувани причини за болка во забите

Иако очекувате да се чувствувате подобро по посетата на заболекар, самата процедура може да предизвика болка. Кога заболекарите ги третираат вашите заби, тоа е еден вид траума и повреда. Поради ова неколку денови по процедурата вашите заби може да бидат почувствителни.

8. Инфекција на непцето

9 неочекувани причини за болка во забите

Еден од најчестите симптоми на парадентални болести е чувствителност на забите, повлекување на непцето, како и отоци и црвенило на непцето. Можете да чувствувате болка додека џвакате и да имате лош здив.

9. Стегање на вилицата

9 неочекувани причини за болка во забите

Стегањето на вилицата може да предизвика слични симптоми како и триењето на забите. Може да чувствувате болка во мускулите, увото и главата, чувствителност на слатка храна и температура, како и напнатост.

Кога да посетите заболекар?

9 неочекувани причини за болка во забите

Ако имате каква било болка во вашите заби или вилица, посетете го заболекарот што е можно побрзо.

Знаевте ли дека болката во забите може да биде показател за проблем со некој внатрешен орган?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар