9 навики на долговечните луѓе

9 навики на долговечните луѓе

Секој сонува за долг живот, барем потсвесно. Никој од нас не е целосно помирен со фактот дека сме смртници и сите се држиме за секоја секунда од свесниот живот. Доколку сакате да живеете подолго, потребно е да вложувате во себе. Ќе биде потребно да направите неколку промени, а во тоа ќе ви помогнат 9-те навики на долговечните луѓе.

9 навики на долговечните луѓе

1. Имаат верба

Едно истражување го проучувало начинот на живот на Италијанци на возраст од 90 до 100 години. Резултатите покажале дека голема улога во нивната долговечност има силната врска со Католичката црква. Духовноста и наоѓањето смисла, односно свесноста дека сме дел од поголема слика, придонесува за долговечноста.

2. Излегуваат

Како што стареете, сè повеќе време минувате помеѓу четири ѕида. Ова има лошо влијание на здравјето бидејќи помалку се движите и ги губите социјалните контакти.

3. Јадат грав

Гравот е богат со влакна и протеини и е често застапена намирница во исхраната на долговечните луѓе.

4. Не пушат

Наједноставниот начин да го подобрите вашето здравје.

5. Позитивни се

Едно истражување од 2012-та година ги проучувало Ашкеназите, Евреи кои потекнуваат од северните делови на Европа. Целта била да се открие тајната за нивната долговечност, а испитаниците биле на возраст од 95 до 107 години. Научниците откриле дека повеќето од нив се оптимисти и имаат смисла за хумор.

6. Вежбаат

Истегнувањето и едноставните вежби ги спречуваат паѓањето и скршениците, нешто што кај старите луѓе може да биде и фатално.

7. Уживаат

Британецот Сем Хегесеј, дури и во неговата 100-та година редовно одел во фитнес центар и вежбал јога, пилатес и таи чи.

„Јадам по три оброци дневно – житарици за појадок, богат сендвич за ручек и лесна вечера. Избегнувам црвено месо и алкохол. Неколку пати неделно пијам и чаша шампањ“, изјавил старецот.

8. Владеат со нивниот живот

Истражувачите од Универзитетот Рочестер во Њујорк, тврдат дека две третини од тоа дали ќе ја доживееме 100-тата година е во наши раце. Станува збор за животните навики и ставовите. 100-годишниците одамна го презеле животот во нивни раце, знаат дека е дар и чудо и дека не треба да го доживуваме премногу сериозно.

9. Волонтираат

Старите луѓе имаат животно искуство, вештини и мудрост кои ги споделуваат со оние кои ќе останат. Навистина ќе се чувствувате добро кога ќе ѝ вратите нешто на заедницата, а волонтирањето е одличен начин да го направите тоа.

Погледнете ги и знаците кои укажуваат на долг и здрав живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар