9 начини да се расположите и забавувате кога сте болни
Периодот на настинки сѐ уште владее, а немоќноста кога сме болни ни ја одзема радоста на малите нешта. Нормално, сите посакуваме да не одиме на работа или на училиште еден ден, но веќе после првиот ден седењето дома станува напорно и досадно. Затоа еве неколку идеи како да се забавувате во рамките на денот, а сепак да не ја потрошите целата енергија која ја имате.
1. Читајте книга
Сигурно одамна не сте имале време да прочитате некоја добра книга. Еве ви можност. Одберете некоја добра книга и додека се досадувате, збогатете го вашиот речник и изгубете се во некоја убава приказна. Читањето ќе ве релаксира, а сепак ќе го стимулирате вашиот мозок да работи.
2. Спијте
Секој човек има потреба да спие најмалку 8 часа, но ретко кој може да си дозволи толку. Затоа, кога сте болни искористете го времето во текот на денот и наспијте се. Така, барем малку ќе ја подобрите вашата ситуација, а со самото доаѓање на сонот ќе исчезне и болката од кашлицата, кивањето и главоболката.
3. Оттргнете се од технологијата
Исклучете го телефонот, оставете го лаптопот и не гледајте телевизија. Барем на еден ден оттргнете се од технологијата и уживајте во вашите мисли. Пробајте јога или некој друг начин на релаксација. Ако ништо друго, барем ќе ви се подобри расположението и телото ќе ви се раздвижи.
4. Домашен спа ден
Испробајте ги сите маски кои отсекогаш сте сакале да ги пробате, но никогаш не дошле на ред поради дефицит на време. Средете си ги ноктите онака како што сакате. Едноставно почестете со екстра ден кој ќе го посветите целосно на себе.
5. Долга бања
Употребете мирисни свеќи, пуштете музика за релаксација и влезете во топлата вода. Освен тоа што вашата кожа ќе се исчисти, лежењето во кадата максимално ќе ве релаксира и ќе направи да се почувствувате убаво, иако главоболката и кашлицата не престанале цел ден.
6. Направете нешто што никогаш не сте го направиле
Може да станува збор за отворање на блог, Јутуб канал, па дури и готвење. Направете нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но никогаш сте немале нити време нити храброст. Посветете барем малку време на тоа што навистина сакате да го правите и кога ќе започнете потрудете се и да продолжите да го правите.
7. Пробајте некој невообичаен рецепт или измислете сами
Ако можете да станете од креветот без да почне да ви се врти, тогаш едно од препорачаните работи кога сте болни е да пробате да готвите. Сајтот Yummly е одлична можност да откриете нови рецепти бидејќи нуди можност да најдете јадење според одредени состојки, нутрициска вредност, вид на кујна, начин на исхрана или комбинаторика на вкусови. Исто така, можете да ги зачувате рецептите и да побарате слични на нив.
8. Повикајте ги пријателите
Кога последен пат сте ги виделе вашите пријатели на раат? Тие се оддалечени еден телефонски повик или порака на Фејсбук и ќе се појават на вашиот праг со интересни шеги, вкусна храна за оправување и најинтересните муабети кои сигурно ќе ве насмеат. Во случај да сте заразни, телефонскиот повик или оној на Скајп или Ваjбер со некој кој не е блиску до вас ќе ве расположи. Сигурно одамна не сте се чуле со тетката во странство нели?
9. Гледајте убав филм или омилената серија
Никогаш не можете да гледате премногу филмови. На кратко пуштете го лаптопот, пронајдете интересен филм и препуштете се на уживањето. Ако пак не сакате филм, тогаш направете си маратон од омилената серија и препуштете ѝ се на неа. Никогаш бројот на гледани епизоди од „Пријатели“ не е доволно голем, зарем не?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.