9 начини за природно ослободување од влакната на лицето
6. Желатин и млеко
- 1 лажица желатин без вкус во прав
- 3 лажици млеко
- Неколку капки лимонов сок
Подготовка:
- Во сад измешајте ги состојките.
- Затоплете ја мешавината во микробранова околу 15-20 секунди.
Употреба:
- Оставете ја смесата да се излади неколку секунди па нанесете ја директно на лицето.
- Оставете да делува 5 минути и излупете ја.
- Употребувајте по потреба
Оваа маска е многу леплива и веднаш ги отстранува несаканите влакна. Исто така може да ви помогне да се ослободите од митесерите.
7. Јајце и пченкарно брашно
Состојки:
- 1 јајце
- 1/2 лажица пченкарно брашно
- 1 лажица шеќер
Подготовка:
- Ставете ја белката од јајцето во длабок сад.
- Додајте шеќер и пченкарно брашно и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Употреба:
- Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 20-25 минути.
- Штом ќе се стврдне извадете ја.
- Повторувајте 2-3 пати неделно
Белката од јајцето се лепи за влакната и ги отстранува ефективно како и восок. Маската е погодна за сите типови кожа, освен за чувствителна и кожа склона кон акни.
8. Компир и леќа
Состојки:
- 300 грама жолта леќа
- 1 компир
- 1 лажица свеж лимонов сок
- 1 лажица мед
Подготовка:
- Накиснете ја леќата во вода преку ноќ.
- Следното утро сомелете ја и направете паста.
- Излупете го компирот и сомелете го.
- Од компирот исцедете што е можно повеќе вода.
- Измешајте го сокот од компир со пастата од леќа и додајте мед и лимонов сок во мешавината.
Употреба:
- Нанесете ја пастата на проблематичните места и оставете да делува 20-30 минути.
- Штом ќе се исуши, отстранете ја маската со прстите.
- Употребувајте 1-2 пати неделно.
Сувата леќа го олеснува вадењето на влакната, додека сокот од компир ги осветлува оние што ќе останат. Маската е погодна за сите типови кожа, но ако имате сува кожа не заборавајте ја хидратантната крема по третманот.
9. Папаја и куркума
Состојки:
- 1 зрела папаја
- 1/2 лажица куркума во прав
Подготовка:
- Излупете ја папајата и исечете ја на мали делчиња.
- Направете паста.
- Измешајте ја пастата од папаја со куркумата.
Употреба:
- Нанесете ја маската на проблематичните места.
- Нежно масирајте ја кожата и оставете да делува 15-20 минути.
- Исплакнете со топла вода.
- Повторувајте 2 пати неделно.
Еден ензим кој се наоѓа во папајата ја разградува кутикулата на човечкото влакно поради што тоа паѓа. Маската е погодна за сите видови кожа.
Како ефективно да ги отстраните несаканите влакна?
- Бидете трпеливи со домашните третмани бидејќи за повеќето од нив е потребно време пред да покажат резултати.
- Отворете ги порите на лицето со помош на пареа пред кој било од третманите.
- По третманот правилно исчистете го лицето.
- Пијте многу вода, јадете многу овошје и зеленчук со цел да останете хидрирани и да ги добиете сите витамини кои ѝ се потребни на вашата кожа.
- За да ги балансирате хормоните и да го намалите растот на несаканите влакна, хранете се здраво и вежбајте редовно.
- Ако забележите зголемено растење на влакната заедно со други промени, како намалување на градите или продлабочување на гласот, консултирајте се со вашиот лекар.
Погледнете и како да се ослободите од поткожните влакна.