9 начини да ги правите работите побрзо
Автор: Сара Јовеска
Некои работи едноставно ни одземаат премногу време. Ако сакате да бидете поефикасни во секојдневните обврски, пробајте ги следниве совети.
1. Гответе побрзо
Има милион начини да се забрзаат работите во кујната, без разлика да се работи за чистење калинки со дрвена лажица, делење јаболко на половина без нож, лупење лук со два длабоки сада или инстант отстранување на лушпата од варените компири со студена вода.
Дополнителни кујнски трикови:
- Храната во микробрановата ќе се загрее побрзо ако садот го поставите на работ наместо на средината на ринглата.
- Изладете ги топлите шишиња пиво за само 3 минути.
- Брзо и ефикасно одвојте ги жолчките од јајцата.
- Печете го цвеклото сосе лушпа така што ќе го завиткате со фолија во која ќе ставите малку маслиново масло и сол. Откако ќе се испече, лушпата сама ќе отпадне, а ќе ги поштеди и вашите раце од обојување.
- Гответе го сувиот зрнест зеленчук во минерална вода – ова ќе го забрза процесот.
- Припремете кесички со зеленчук за цела недела – исецкајте го кромидот, лукот, морковите, зелката и друг зеленчук, спакувајте го во посебни кесички и пикнете го во фрижидер. Ова ќе ви заштеди многу време во текот на неделата и ќе ве стимулира редовно да конзумирате готвена храна.
- Додека ја подготвувате храната, наполнете го мијалникот со топла вода и детергент и како што ќе употребувате нови садови, така потопувајте ги. Потоа ќе ви биде многу полесно да ги измиете.
- Употребувајте ги остатоците од храна за да направите нови вкусни јадења.
- Лупете го овошјето на поедноставен начин.
2. Полнете го телефонот побрзо
Доколку телефонот ви треба во моментот и немате време да го наполните, има неколку начини да го направите тоа многу побрзо. Прво и најважно од сè – уверете се дека користите полнач со соодветно напојување, затоа што не се сите полначи исти. Потоа, ако брзате, ставете го телефонот на авионски режим, или исклучете го целосно затоа што колку помалку батерија троши додека се полни, толку побрзо ќе се наполни до 100%. И секогаш приклучувајте го во ѕид, затоа што доколку го приклучите во компјутер може да се полни побавно.
3. Облечете се побрзо
Облекувањето и не е така тешко, но има неколку работи кои навистина нè задржуваат и ни одземаат време. На пример, со оваа техника можете да си ги врзете кондурите за 5 секунди наместо да потрошите повеќе време со традиционалното врзување. За да заштедите време додека се подготвувате наутро за на работа, пеглајте си ја маицата истовремено туширајќи се, а ако пак треба да носите кошула, испеглајте ја за само 90 секунди.
4. Типкајте побрзо
Голема е веројатноста дека секојдневно многу ја користите тастатурата, па дури и во ова може да станете побрзи. Вежбањето може да ве направи побрзи типкачи. Доколку сè уште гледате во тастатурата додека типкате можете да вежбате на овој сајт.
5. Перете ги алиштата побрзо
Перењето на алиштата е едно од најздодевните задолженија, но некогаш сепак мора да ги правиме и работите што ни одземаат многу време. Можете да пеглате побрзо со алуминиумска фолија, да ги диплите алиштата за неколку секунди и да ги сушите побрзо со помош на крпа. Многу ќе ви олесни и доколку знаете како веднаш да реагирате кога ќе направите дамки на облеката:
Дамка од сос од домати
Ставете врз дамката вода со амонијак (доколку дамката е потврдокорна обидете се со хидроген пероксид).
Дамка од мастило
Ставете го местото со дамката врз чиста крпа. Тријте со алкохол или отстранувач на лак за нокти за дамката да остане врз крпата.
Дамка од црвено вино
Ставете бело вино врз дамката или впијте ја со кисела вода.
Дамка од дезодоранс
Измешајте еднаква количина на вода и сок од лимон, а потоа оставете ја облеката неколку часа на сонце.
Погледнете како да ги отстраните најтврдокорните дамки од облеката, а особено посветете им се на жолтите дамки од пот. Многу полесен ќе ви го направат и овие 10 трикови за облеката.
6. Читајте побрзо
Читањето може да биде напорно ако сте спор читач. Сепак, можете да научите да читате побрзо. Можете да го следите со прстот текстот што го читате, да гледате во зборовите на средината на реченицата и да не ги кажувате гласно во главата. Можете исто така да ги испробате смартфон апликациите како што се Syllable и Outread, кои ќе ве научат да читате побрзо. Можете да се обидете и со овој линк, а најдобро е да го проучите целосниот водич кој ќе ви помогне да ја научите техниката на брзо читање.
7. Прегледувајте ги побрзо вашите мејлови
Мејловите се корисна алатка, но исто така ја убиваат вашата продуктивност. Доколку сакате да го забрзате процесот на прегледување на пораките, следуваат неколку совети: научете ги кратенките во вашиот имејл клиент или имејл сервис, како и напредните опции, проучете ги додатоците (plugins, add-ons) кои можат да ја збогатат неговата функционалност и задолжително научете да ја користите опцијата за пребарување. Ослободете се од спам пораките така што ќе поставите филтри за испраќачите кои често ве бомбардираат со непосакуван имејл. И за крај, не проверувајте ја поштата премногу често. Поставете си одреден тајминг кога ќе ја проверувате и доколку можете, не правете го тоа наутро.
8. Заспивајте побрзо
Доколку ви се чини како половина од времето во кревет да го трошите обидувајќи се да заспиете, има неколку работи што може да ви помогнат. Поставете добро светло во собата, создадете си добра вечерна рутина, и држете се подалеку од компјутерот и сите други апарати пред спиење. Ова може да ви послужи доколку тоа ви се случува често или само понекогаш. Сепак, доколку е хроничен проблем најдобро е да зборувате со доктор.
9. Побрзо исчистете го домот
Чистењето често ни изгледа како непремостливо задолжение, но со вистинските алатки и план за напад, можете да го исчистите домот за 15 минути или помалку посебно доколку чистите редовно. Колку почесто чистите толку помалку болно ќе ви биде. Доколку пак вашиот дом е хаос, можете работите да ги поделите на 20 дела и да чистите по 20 минути на ден. Така за 30 дена ќе го средите домот.
Погрижете се да не ги разместувате предметите наоколу, ако имате проблем со трупање на работите прво решете го тој проблем и исфрлете го непотребното.