9 модни трикови кои на мажите ќе им го направат животот полесен
Мажите сакаат да изгледаат средено, но обично не уживаат додека работат на тоа. Доколку и вам тоа ви претставува цела вечност, овие девет трикови ќе ви бидат добредојдени.
1. Обичната широка вратоврска претворете ја во тенка
Потребни се само минимални кројачки вештини.
2. Не мора да пеглате
Ставете ја кошулата во машина за сушење алишта заедно со неколку коцки мраз.
3. Освежете ги старите старки со нова боја
Прво поминете ги со паста за заби и сода бикарбона, па нанесете им текстилна боја. Останува само уште да ги исушите во машина за сушење алишта.
4. Исчистете ги чевлите со маслиново масло
Грижете се за кожните чевли со боја наменета за нивно одржување, а во итните моменти може да посегнете по маслиново масло.
5. Ставете ги смрдливите чевли во замрзнувач
Една ноќ е доволна за ниската температура да ги убие бактериите во нив и да ја отстрани смрдеата.
6. Употребете перфоратор за да си направите нови дупчиња на каишот
7. Перфораторот може да послужи и за нови дупчиња на чевлите
8. Наострете го бричот од стар пар фармерки
9. И потоа измазнете го стариот џемпер со него
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.