9 митови за вагината во кои навистина треба да престанете да верувате

9 митови за вагината во кои навистина треба да престанете да верувате

Вагината се поврзува со многу недоразбирања, митови и гласини. Па дури и ние кои го имаме овој орган понекогаш сме збунети поради многу лажни вести. Без разлика дали имате вагина или не, постојат некои митови во кои треба да престанете да верувате. Во продолжение погледнете некои од најпознатите недоразбирања и откријте ја вистината зад нив.

9--mitovi-za-vaginata-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-kafepauza.mk

1. Вашата вулва е вашата вагината

Без разлика дали имате машки или женски репродуктивни органи, кај сите постои недоразбирањето дека вулвата (малата и големата усна) е вагината. Вагината всушност е каналот кој води до вашата матка.

2. Постои „совршена“ вагина

Всушност постои, а тоа е вашата. Без разлика на бојата, влакната, големината на клиторисот и усните, вашата вагина е совршена онаква каква што е. Многу девојки се грижат за тоа дали нивниот полов орган изгледа „нормално“. Одговорот е да. Ако навистина се грижите, можете да му поставите неколку прашања на вашиот гинеколог.

3. Треба да ја чистите внатрешноста

Вагината е орган кој сам се прочистува. Тоа значи дека треба да се ослободите од спреовите и марамчињата бидејќи тие повеќе ќе ја нарушат pH вредноста на вагината отколку што ќе ја исчистат вагината. Ако навистина сакате да ја исчистите, внесувајте храна која е добра за нејзиното здравје, како јогурт и брусница.

4. Не е важен материјалот на долната облека

Според гинеколозите од целиот свет, најдоброто нешто што можете да го носите е 100% памук. Не мешавина од памук или танга од полиестер, туку чист памук. Памучната долна облека ѝ овозможува на вагината да „дише“, го спречува настанувањето на влага, а со тоа го намалува и ризикот од габични инфекции.

5. Може да изгубите нешто „таму горе“

Навистина не може да се случи тоа. Теоретски е возможно да се заглави нешто во вашата вагина, но тоа нема да отиде во другиот дел од телото. Ако дојдете во ситуација кога нешто се заглавило внатре (кондом, тампон и слично) има што да направите. Дишете длабоко и релаксирајте се. Ако не можете да го извадите сами, побарајте помош од вашиот гинеколог. Нема ништо страшно во тоа.

6. Вагината може да се прошири

Всушност, иако е тешко за верување, вагината е многу еластична. Што и да влезе во неа, од секс играчки, машки полов орган, прсти, па сè до тампони и слично, таа нема да се прошири. Ниту едно од овие нешта нема трајно влијание на еластичноста на вагината. Покрај тоа имајте на ум дека раѓањето се одвива преку вагината, и таа повторно си се враќа во првобитната големина.

7. Треба да имате оргазам за време на секс

Кога станува збор за секс, не треба да гледате што треба да правите, туку што ви причинува задоволство. Ако не доживувате оргазам, тоа е сосема нормално и не значи дека нешто не е во ред со вас или со вашата вагина.

8. Треба да мирисите прекрасно

Вагината треба да мириса како вагина. Ако забележите посилен мирис од вообичаено, може да станува збор за инфекција и треба да посетите лекар. Некои луѓе сметаат дека храната може да влијае на мирисот на вагината, но тоа е нешто што само вие можете да го проверите. Како и да е, прифатете го вашиот природен мирис, тој е уникатен.

9. Вагиналниот исцедок е „гаден“ и абнормален

Вагиналниот исцедок е сосема нормална појава. Тој е знак дека сè е во ред, а понекогаш и покажува во која фаза е вашиот менструален циклус. Исто како и мирисот, ако забележите пообилен исцедок од вообичаено, подобро е да разговарате со вашиот гинеколог.

Покрај митовите, постојат и многу совети за вашата вагина, па погледнете кои се „советите“ на кои што треба да внимавате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар