9 луѓе ги откриваат најслатките љубовни пораки што ги добиле од партнерот
Можете да му кажете на партнерот дека го сакате милион пати, но понекогаш зборовите „Те сакам“ не се доволно за да опишат како навистина се чувствувате кон таа личност. Па потребно е да запишете како навистина се чувствувате и да го претставите она што е во вашето срце.
Неодамна, корисниците на Редит ги споделиле нивните најслатки љубовни писма. Секое од нив е различно. Секое раскажува своја уникатна и прекрасна приказна за љубовта што ја споделува секој пар. Можеби ќе ви требаат и неколку шамичиња, за секој случај.
Се појавила додека го пишувал писмото
„Моментално сум сингл, но еден поранешен партнер ми пишуваше картичка без причина, и како што завршуваше јас влегов во градината. Пораката гласеше: Те сакам толку многу, засекогаш, и многу сум возбуден што доаѓаш сега кон градината. ЈЕE ОВДЕ СИ.“
Писмо од нејзиното мртво куче
„Ми напиша писмо една недела пред нашата свадба. Ох, 5 години подоцна и сè уште плачам кога ќе се сетам на тоа. Последното беше напишано од куче кое неодамна починало и раскажуваше како било во ред што ме оставило бидејќи знаело дека ќе бидам добро и дека ќе бидам сакана од партнерот. Кога ме побара за жена, рече дека го прашал моето куче (мојот најдобар пријател 13 години) за дозвола. Па последното љубовно писмо навистина ми значеше премногу. Беше совршено.“
Неизмерна среќа
„Никогаш не мислев дека ќе бидам толку среќна за нечија љубов. Обично и тој и јас се согласувавме дека љубовните писма се премногу агресивно сентиментални за удобните зони и на двајцата. Но ми беше роденден и тој немаше да ми даде картичка без него.“
Прво вљубување
„Веднаш пред да завршиме средно, моето момче се потпиша во мојот алманах. Никогаш нема да заборавам што напиша, но има една реченица која се истакнува и која можам да ја читам одново и одново: ‘И тогаш почна да ми се допаѓаш. Многу.’“
Не е нешто невидено, но ме враќа на почетокот. Имав претстава како се чувствува за мене, но не знаев сигурно. Читајќи го тоа сега се сеќавам на сите чувства на почетокот и се потсетувам дека мојот партнер толку многу ме сакал во минатото, а ме сака и сега.“
Поезија
„На две вљубени животни форми им се вкрстиле патиштата и танцуваат, како светулки на дожд. Си дозволуваат да флертуваат со надежта, да флертуваат со поимот бегство. Сега седиме по нашиот сон, таа љубов сè уште вика, низ просторот и времето, и распарчува и кине, претставувајќи ги нашите најголеми стравови. Одмори се сега и долетај, ние ќе си заминеме, а љубовта ќе остане.
Не се сеќавам која беше најслатката. Ќе треба да пребарувам низ илјадници имејлови и пораки. Ова беше последната што ми ја испрати пред да раскинеме.“
Цртежи
„Ми правеше цртежи од хот дог, шпагети и диносауруси бидејќи ги сакав тие нешта. Дефинитивно не е уметник, но тоа беше навистина слатко од него.“
Можете да замислите нешто друго?
„Те сакам повеќе од пилешки крилца.“
Вистинска љубов
„Го најдов ова во електронските пораки, ми го напиша за Денот на вљубените пред неколку години: ‘Не сум сигурен каде би бил без тебе. Ако никогаш не те сретнев знаев дека ќе беше ужасно бидејќи секогаш имав чувство како нешто да недостасува. Дури полошо ќе беше да те сретнев, а да не можев да те наречам моја идна сопруга. Би го минувал секој ден мислејќи на тебе и на тоа како сакам да бидат до тебе, држејќи те силно со твојата глава на моите гради. Верувај ми, ги имав тие мисли многу пати кога бевме само пријатели. Секоја врска којашто би ја имал би била лага и начин да се справам со тоа што таа не е ти. Она што сакам да го кажам е дека мојот живот без тебе не би бил живот што би сакал да го живеам. Потребна си ми ти и твојата слатка смеа и твоето пеење во моето совозачко седиште.’“
Не секогаш се потребни зборови
„Не си пишуваме љубовни писма, но утрово ми испрати: 🍆💦🍑. Тоа беше добро.“
Прочитајте ги и овие смешни љубовни пораки кои ја илустрираат модерната врска.