9 лесни замени на старите парчиња за вашата облека да биде потренди
Ако барате лесен начин вашата облека да изгледа потрендовски, одлична идеја е да ги замените старите парчиња со нови. Секое парче има своја соодветна замена, што ќе ви овозможи да не останете со празен плакар ако решите да направите „генералка“ за да би се ослободиле од сè што не е во мода. Кои парчиња треба да ги замените со нови? Погледнете.
1. Досадните апостолки заменете ги со тренди гладијаторки
Летото е период на нови промени, па досадните апостолки заменете ги со некој интересен пар гладијаторки. Тие одлично изгледаат со макси фустан или здолниште со шлиц, со кои било шорцеви и маичка и со летни фустанчиња.
2. Класичните „цевка“ фармерки заменете ги со ѕвонарки
Ѕвонарките повторно се во мода. Тие одлично стојат на секое тело, нагласувајќи ги облините и задникот и криејќи ги широките листови. Прелесно се комбинираат со какви било маички, а особено добро изгледаат со кроп топови.
3. Обичните балетанки заменете ги со балетанки на врзување
Балетанките на врзување се многу практичен тренд кој многу лесно можете да го инкорпорирате во вашите дневни и вечерни комбинации. Изгледаат апсолутно прекрасно со какво било здолниште, но најдобро со оние со глог форма. А тука некаде се и летните фустанчиња.
4. Впечатливиот ѓердан заменете го со ланче уз врат
Модата од 90-тите претставува одлична стилска инспирација за оваа сезона. Ако ви се допаѓаат гранџ вибрациите и целата таа ера, тогаш ланчињата уз врат ќе ви бидат полн погодок за оваа сезона. Дури можете и сами да си направите.
5. Монотоните потпетици заменете ги со полни пети со шик платформи
Секако дека има разлика во комфорот, но платформите оддаваат летни вибрации и го освежуваат изгледот. Кога носите фустан, изгледаат предобро и одлично ги издолжуваат нозете. Може да се носат со апсолутно сѐ: од кратки шорцеви и маичка, до фармерки и кошула. Тие се прелесни за комбинирање.
Совет плус: Дрвените платформи се особено модерни оваа сезона.
6. Славниот кроп топ заменете гo со интересно боди
Славата на кроп топовите полека им завршува, а бодито станува модерно. Најдоброто во оваа замена е тоа што ако носите боди, половината никогаш нема да ви биде гола, што не беше случајот со кроп топовите. Нивните интересни дезени и мотиви веднаш ќе ве инспирираат да си набавите боди што е можно побрзо.
7. Припиениот фустан заменете го со слип фустан
Кажете им збогум на припиените фустани во кои не можете да земете воздух и посакајте им добредојде на удобните слип фустани. Најчесто изработени од пријатни материјали како шифон и свила, нивниот комфор веднаш ќе ве обземе. Изгледаат подеднакво добро и со балетанки, но и со високи потпетици. Важно е да внимавате на деталите, бидејќи клучот на ова парче е во нежноста.
8. Обичното бикини заменете го со бикини со висок струк
Уште една модна инспирација на оваа сезона се 50-тите години на минатиот век. Бикинито со висок струк ќе ви ги прикрие проблематичните делови и ќе ви даде женствен изглед акцентирајќи ги сите атрибути од женската силуета.
9. Кожната чанта заменете ја со што било од превртена кожа
Превртената кожа не е само за поладниот дел од годината. Заменете го скајот со какво било парче од превртена кожа во текот на летните месеци за апсолутен моден погодок. Супер идеја се кошулите, здолништата, а зошто да не и чантата?
Совет плус: Уште подобро ако е во некоја силна боја како кралска сина или портокалова.