9 корисни совети како да ја постигнете најдобрата верзија од себе

9 корисни совети како да ја постигнете најдобрата верзија од себе

Сè што ви е потребно да дојдете до најдобрата верзија од себе ви е на дофат. Доволно е само малку труд и многу волја и веќе сте на половина пат до остварување на оваа цел. Без оглед на тоа во каква животна ситуација се наоѓате, во секој момент можете да донесете одлука дека свесно ќе работите на тоа да ја добиете најдобрата верзија од вас. Тоа ќе ви помогне да го креирате животот што отсекогаш сте го посакувале. Постојат повеќе начини како да стигнете до посакуваната цел, а ние ви нудиме 9 совети.

(1) 9 корисни совети како да ја постигнете најдобрата верзија од себе

1. Одлучете што сакате да смените кај вас

Доколку не знаете што е тоа што го сакате, не можете ниту да го остварите. Создадете си слика за тоа каква личност сакате да станете и во својот дневник запишете ги посакуваните особини (како сакате да изгледате, со што сакате да се занимавате, како би изгледал вашиот идеален ден, патувања, какви луѓе сакате околу вас).

2. Читајте ја често листата што сте ја составиле

Размислувајте кои се работите кои треба да ги смените кај вас за да станете личноста што сте ја опишале на листот хартија. Кои ваши таленти можат да ви помогнат на тој пат?

3. Цврсто одлучете дека многу брзо ќе станете најдобрата верзија од себе

Не е доволно само да сакате, туку и да донесете цврста одлука дека ќе работите на тоа да станете онаква личност, каква што од секогаш сте посакувале да бидете. Направете и план како би го сториле тоа.

4. Сакајте се и прифатете се себеси со сите мани и вредности

Да тежнеете кон подобро е одлична работа, но прво треба да се прифатите и да се сакате онакви какви што веќе сте, со сите свои вредности и недостатоци. Дури тогаш ќе можете да тргнете во освојување на нови битки и во постигнување на своите целосни потенцијали.

5. Размислете како би можеле да се подобрите

Повторно земете пенкало и лист хартија, но овој пат запишете ги сите креативни решенија на кои можете да се сетите, а кои би ви помогнале да станете најдобра верзија од себе. На пример, доколку сакате подобро да изгледате, тогаш можеби треба да изгубите или да добиете некој килограм, изберете некој спорт, посветете време за нега на вашето лице и тело. Тоа можете да го правите и дома со едноставни и лесни третмани.

6. Станете од удобната фотелја

Доколку сакате успех, мора да излезете од удобната зона. Ако сакате да најдете нов партнер, тоа сигурно нема да се случи дома, покрај телевизорот. Излезете од секојдневната рутина, прифатете нови навики, отворете се за нови познанства.

7. Заборавете на изговорите

Кога ќе кажете „Немам време“ вие всушност покажувате дека она што го посакувате не ви е толку важно за веднаш да му дадете приоритет. Заборавете на веќе излитените фрази „Немам време“ и „Еден ден ќе…“. Доколку навистина сакате нешто, веднаш преземете акција. Луѓето кои не губат време и ги преземаат сите чекори, се оние кои секогаш ги постигнуваат своите цели.

8. Побарајте помош

Немојте сите битки да ги водите сами. Побарајте помош од најблиските, родителите, пријателите, партнерот. Доколку сакате да напредувате во кариерата побарајте си ментор, човек кој ќе ве води низ процесот. Доколку сакате да изгубите вишок килограми одете во клуб каде што ќе најдете професионален тренер, доколку минувате низ тежок период во животот побарајте совет од терапевт. Најдете некој кој во секое време ќе ве бодри и мотивира. На тој начин побезболно ќе ги надминувате препреките на патот до успехот.

9. Секојдневно работете на својот личен напредок

Доколку континуирано, свесно и активно работите на себе, многу брзо ќе ја забележите разликата. Секој ден ќе станувате подобра верзија од себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар