9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

Дали знаете дека Јапонките го држат рекордот за долговечност веќе 25 години? Тие како да не стареат и го восхитуваат светот со нивната физичка форма. Вежбањето, заедно со здравата исхрана, е една од најголемите тајни за совршеност во јапонската култура. Во продолжение погледнете неколку јапонски вежби што ќе им помогнат на жените да се вратат во форма и да се наполнат со енергија.

1. Трска на ветар

9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

Оваа вежба го зголемува дотокот на крв во нозете и ги спречува болките во нив.

  • Легнете на стомак на тврда површина.
  • Свиткајте ги колената. Релаксирајте се и замислете си дека вашите нозе се како трски што ги вее ветрот.
  • Мрдајте ги опуштените нозе и обидете се да го допрете задникот со петите. Можеби нема да успеете веднаш, но не се откажувајте. Повторувајте ја вежбата секој ден за да забележите резултати.

2. Лист

9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

Оваа вежба го подобрува држењето на телото и церебралната циркулација.

  • Легнете на грб на тврда површина.
  • Релаксирајте се и замислете си дека вашето тело е празно и лесно.
  • Свиткајте ги колената и немојте да ги кревате стапалата. Бавно поставете ги стапалата што е можно поблиску до задникот.
  • Полека кренете ја главата и обидете се да ги допрете колената со дланките. Немојте да го кревате ‘рбетот.
  • Штом ќе ги стигнете колената, подигнете ја главата и осигурете се дека вашиот ‘рбет е во хоризонтална положба.
  • Останете во оваа положба што е можно подолго. Замислете си дека енергијата влегува во вашето тело преку главата.
  • Вратете се во почетната позиција и релаксирајте се.

3. Брод

9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

Ова е одлична вежба за жените кои само што се породиле и чии мускули се послаби. Вежбата исто така ја подобрува рамнотежата, дигестијата и ќе ви помогне да се ослободите од масните наслаги на стомакот.

  • Легнете на грб со споени нозе, а рацете поставете ги покрај телото.
  • Избројте до 4 и подигнете ги нозете со прстите исправени напред.
  • Истовремено подигнете го и горниот дел од телото со исправени раце. Допрете ги колената со прстите.
  • Останете во положбата што е можно подолго.
  • Повторете до 10 пати, во зависност од вашата физичка форма.

4. Гранка

9 јапонски вежби коишто се одлични за женското тело

Оваа вежба е одлична за болките во грбот и за зајакнување на крвните садови.

  • Застанете исправено. Раширете ги нозете што е можно повеќе. Стапалата треба да бидат паралелни.
  • Фокусирајте се на вашето тело и замислете си дека е празно и без тежина.
  • Поставете ги дланките врз бубрезите и испреплетете ги прстите.
  • Бавно свиткајте го грбот назад и вратете ја главата.
  • Кога ќе почувствувате истегнување, опуштете ги рацете.
  • Бавно движете се лево и десно.
  • Кога ќе почувствувате замор вратете се во почетната позиција со дланките врз бубрезите.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар