9 хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете нивното негативно влијание на тежината - Part 2

9 хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете нивното негативно влијание на тежината

6. Естроген

9 хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете

Естрогенот е главниот женски секс хормон. Секоја нерамнотежа во неговото ниво може да води до дебелеење. Кога ќе се покачи неговото ниво, клетките што произведуваат инсулин се под стрес. Ова ве прави отпорни на инсулин, го покачува нивото на гликоза во крвта и предизвикува дебелеење. Жените кои се пред менопауза имаат пониско ниво на естроген. За да го надополни изгубеното, телото почнува да бара други извори. Еден од нив се масните клетки. Телото почнува да ги претвора сите достапни извори на енергија во масти и ова предизвикува дебелеење.

Како да го избегнете дебелеењето од естроген?
  • Консумирајте интегрални продукти, свежо овошје и свеж зеленчук.
  • Избегнувајте алкохол.
  • Вежбајте редовно.
  • Избегнувајте преработено месо.

7. Лептин

9 хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете

Лептинот е хормон што ја регулира рамнотежата на енергијата во телото со тоа што го потиснува чувството на глад. Но кога јадеме храна полна со шеќер, вишокот фруктоза се претвора во масни наслаги кои се таложат во црниот дроб, стомакот и други делови од телото. Овие масни клетки произведуваат лептин. Колку повеќе лептин се произведува, телото станува отпорно на него. Ова го спречува мозокот да добие сигнал дека треба да престанеме со јадење.

Како да го избегнете дебелеењето од лептин?
  • Избегнувајте храна богата со шеќер и не консумирајте повеќе од 3 порции овошје дневно.
  • Консумирајте темно зелен лисест зеленчук.
  • Избегнувајте преработена храна.
  • Спијте 7-8 часа секоја вечер.
  • Пијте многу вода.

8. Грелин

9 хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете

Грелинот кој се лачи од стомакот е познат и како хормон на гладот. Тој го стимулира апетитот и го зголемува насобирањето на масните наслаги. Нивото на грелин се покачува кога луѓето се на строга диета или кога постат.

Како да го избегнете дебелеењето од грелин?
  • Вежбајте редовно.
  • Јадете на секои 2-3 часа.
  • Пијте по 300 милилитри вода 20-тина минути пред секој оброк.
  • Јадете свежи овошје и зеленчук и храна богата со протеини.

9. Мелатонин

9 хормони што предизвикуваат дебелеење и како да го избегнете

Мелатонинот е хормон што го регулира спиењето. Додека спиеме телото испушта хормони за растење кои му помагаат на телото да заздрави, да ја подобри својата композиција и да гради мускули. Но кога не спиеме доволно, процесот на заздравување се прекинува, предизвикува стрес и води до дебелеење.

Како да го избегнете дебелеењето од мелатонин?
  • Не јадете доцна навечер или пред спиење.
  • Спијте доволно.
  • Спијте во темна и студена соба.
  • Исклучете ги сите електронски направи пред спиење.

Погледнете ги и овие знаци кои покажуваат дека хормоните не ви функционираат како што треба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар