9 грешки кои жените ги прават во љубовните врски

9 грешки кои жените ги прават во љубовните врски

Никој не е безгрешен, но зошто да се лечи кога може да се спречи? Дали имате навика да правите некои од овие најчести љубовни грешки? Можеби сега е време да го промените тоа.

9 грешки кои жените ги прават во љубовните врски

1. Потценување на себеси

Жените неретко ги гледаат другите жени како конкуренција и натпреварот за докажување нема крај. Во тој случај многу е лесно да се потцениш себеси и да се сметаш за помалку вредна од она што си. Жените со недостаток на самодоверба може да дозволат да бидат третирани лошо во врската верувајќи дека не се доволно добри за својот партнер, или пак имаат навика константно да се жалат барајќи комплименти за да се чувствуваат подобро, а тоа е напорно.

2. Зависност од партнерот

Во ред е да побарате помош од вашиот партнер, но воопшто не е во ред да не можете без него. Без разлика дали станува збор за финансиска или емоционална зависност, зависноста е лоша. Една од најчестите грешки што жените ги прават во врските е тоа што се поставуваат како инфериорни сакајќи да ги доживеат своите партнери како храбри витези кои секогаш доаѓаат напомош.

3. Премолчување на проблеми

Некогаш е тешко да се разговара и да се најде разбирање, особено ако сте во лоша емоционална состојба. Сепак, не премолчувајте ги проблемите правејќи се како сè да е во ред, кога е толку очигледно дека нешто ве мачи. Комуницирајте со партнерот и најдете заеднички јазик. Ниеден проблем нема магично да се реши ако го премолчите, ниту пат вашиот партнер е способен да чита мисли.

4. Вложување напор да го промените партнерот

Има работи кои ги сакате кај вашиот партнер и такви кои ви одат по нерви. Доколку сте го прифатиле за свој партнер, прифатете го целосно, со сите негови маани бидејќи и вие не сте совршени. Вашите обиди да го промените лошо ќе влијаат на неговата самодоверба знаејќи дека тој не е доволно добар за вас. Љубовта неретко бара компромиси а тука спаѓа и прифаќањето на некои негови навики кои не ви се допаѓаат. Од друга страна, доколку тој има навистина негативни карактеристики, да речеме дека има тенденција да изневерува, со вашите обиди да го промените само се залажувате себеси. Луѓето во основа не се менуваат. Или ги прифаќате или ги оставате.

5. Очекување големи романтични гестови

Тој ве сака и неретко ќе ве изненади за да ја покаже својата љубов кон вас. Но, доколку имате очекувања дека љубовните врски во реалноста се како овие во филмовите, што и да направи вашиот партнер вие би биле разочарани. Реалноста е поинаква. Тој можеби нема да најми цел оркестар да ви свири на балкон украсен со 101 роза додека вечерате, но ќе направи многу други нешта кои треба да ги цените. Покажете колку сте благодарни за неговите искрени гестови наместо да очекувате огромни докази за вашата љубов.

9 грешки кои жените ги прават во љубовните врски

6. Споредување на својата врска со туѓа

Никогаш не можете со сигурност да знаете како им е на другите и со какви проблеми се соочуваат. Секоја љубовна врска е различна, затоа голема грешка е да ја споредувате вашата врска со други љубовни врски и врз основа на таа споредба да ја оценувате. Замислете само како се чувствува вашиот партнер кога ќе му кажете што направил дечкото за вашата најдобра другарка, споредувајќи го со она што тој го направил за вас.

7. Љубомора

Љубомората е најголем непријател на врските. Доколку мислите дека со „строги правила“ ќе го врзете за себе се лажете. Никој не сака да биде контролиран ниту пак да биде во врска со личност која не го остава да дише. Мора да сте чуле дека љубовта е како песок во дланката. Ако ја стиснеш дланката силно песокот ќе ти се излизга низ прсти, но ако ја отвориш дланката слободно, песокот ќе остане таму.

8. Изневерување

Емоционално или физичко. Доколку не сте подготвени да бидете во сериозна врска и доколку не го сакате вашиот партнер најдобро е да ја прекинете врската навреме. Обидот насила да останете во врска која не ви годи ќе резултира негативно, најчесто со прељуба. Ако барате нешто друго, нешто што не го наоѓате во вашата врска, прекинете ја врската. Многу е подобро така да му го скршите срцето отколку со неверство. Секогаш однесувајте се со својот партнер онака како што би сакале тој да се однесува со вас.

9. Донесување одлуки наместо него

Доколку константно донесувате одлуки во негово име и пробувате да му наметнете мислење или да му кажете што е најдобро за него, веќе преминувате во улога на мајка, не девојка. Како би се чувствувале доколку некој донесува одлуки во ваше име како вие да не сте способни да размислите самите за себе?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар