9 финансиски совети што можеби звучат добро, а ви прават штета
Интернетот е полн со совети за тоа како да станете богати, како да заштедите за нешто поскапо или како да живеете на буџет до наредната плата. Но, многу од овие совети не само што не функционираат, туку можат и да ви наштетат. Погледнете некои од најлошите финансиски совети.
1. Продаjте го автомобилот пред да биде престар
Треба да се ослободите од автомобилот само ако трошите повеќе на поправка отколку што би дале за нов. Експертите тврдат дека ова би се случило само по многу години постојана употреба. Речиси невозможно е да се каже точната „возраст“ на автомобилот бидејќи најмногу зависи од моделот и одржувањето. Постојат многу автомобили стари со години што се во одлична состојба.
2. Избегнувајте кредитни картички
Ако можете да се воздржите и да му одолеете на искушението да трошите многу пари и знаете да ги потрошите паметно, кредитната картичка може да ви го спаси животот. Покрај тоа, редовното плаќање ќе значи добра историја на кредити. Кога користите кредитна картичка, држете се до едно правило – секогаш плаќајте го целиот долг, не само минималната сума.
3. Однапред купувајте работи и користете купони и кодови за попуст
Едно истражување спроведено во САД покажало дека повеќето семејства кои купуваат наголемо, често купуваат работи што не им се потребни. Обидувајќи се да заштедат однапред, луѓето купуваат сега за да не мораат подоцна. Ситуацијата е уште полоша со понудите (на пример земи 3, плати 2). Продавачите знаат дека потрошувачите повеќе сакаат да земат нешто бесплатно отколку да платат помалку за некој продукт и го користат ова. Покрај тоа, продуктите во овие понуди често се со многу лош квалитет.
4. Инвестирајте пари за да заработите повеќе
Ако финансискиот гуру од некоја реклама ви ветува враќање многу повеќе пари за инвестицијата, најверојатно ја користи измамата Понзи. Измамата е заснована на создавање финансиски меур – инвеститорите добиваат приход од новите инвеститори, а не од организацијата. Порано или подоцна овие меури пукаат и ги оставаат луѓето кои барале брзи пари без ништо.
Исто така не би требало да инвестирате во биткоини. Оваа криптовалута е толку нестабилна што е речиси невозможно да ја предвидите.
5. Инвестирајте во недвижнина
Ако не можете да одлучите дали е подобро да направите депозит во бакна или да ги потрошите парите за кирија, подобра ви е првата опција. Ако инвестирате во имот, секако ќе треба да потрошите повеќе – редекорација, изнајмување, даноци и слично. Сонот за ваш стан може да се претвори во кошмар ако не можете да го исплатите. Најдобро е да го анализирате пазарот пред да донесете каква било одлука.
6. Мора да купите животно осигурување кога земате заем
Кога земате голема сума кредит, банкарот мора да ви понуди и животно и здравствено осигурување. Идејата е дека ако не можете да го исплатите вие, осигурувањето ќе го покрие кредитот. Но ова значително ја зголемува сумата. Размислете добро пред да донесете одлука.
7. Позајмувајте пари од пријателите и од семејството за да не ѝ плаќате интерес на бакната
Ако сте во тешка финансиска состојба, нормално е да ги замолите семејството и пријателите за поддршка. Но финансиските проблеми често предизвикуваат недоразбирање и ги растураат врските. Покрај тоа, луѓето што ви ги позајмиле парите потсвесно ќе се обидуваат да го контролираат вашето трошење и се разбира, ќе чекаат да им вратите.
8. Посетувајте разни бизнис семинари
Бизнис семинарите посветени на личниот развој и богатењето ги привлекуваат луѓето со големи ветувања и зборови како „инспиративно“ и слично. Експертите ги споредуваат овие настани со култови или состаноци за маркетинг. Единствената личност која има корист од овие семинари е организаторот. Најдобро е да го проверите пред да почнете да му верувате и да ги следите неговите препораки. Многу често овие луѓе можат да ви ветат лесни пари за мала инвестиција, но ова најчесто е измама.
9. Сè правете сами за да заштедите
Постојат некои нешта што лесно можете да ги направите и самите. Ако имате доволно трпение, резултатот ќе биде во ред. Но многу луѓе кои ги намалуваат трошоците со тоа што не бараат професионална помош, всушност плаќаат со нивното време. Ако размислите колку продуктивни би биле додека сте правеле нешто што не е ваша област, разликата во цената и не е толку голема. Најдобро е да им верувате на професионалците. Тие ќе ви заштедат и време и пари.
Погледнете и кои се работите на коишто богатите не трошат пари.