9 докажани начини да ги стабилизирате хормоните што предизвикуваат дебелеење

9 докажани начини да ги стабилизирате хормоните што предизвикуваат дебелеење

Слабеењето е проблем кој им е познат на многумина. Можеби сте пробувале разни начини да го изгубите вишокот килограми – од начин на исхрана до напорни вежби. Но, тајната е многу поедноставна. Иако начинот на исхрана, вежбањето и животниот стил имаат голема улога во вашата тежина, голем дел од неа е контролиран и од вашите хормони. Хормоните го контролираат вашиот апетит и го одредуваат количеството масти што ќе се складира во телото. Со контрола на овие хормони, можете да ја контролирате и вашата тежина. Еве неколку научно докажани начини со кои можете да ги стабилизирате овие хормони.

9 докажани начини да ги стабилизирате хормоните што предизвикуваат дебелеење

1. Инсулин

Инсулинот се произведува во панкреасот и има голема улога во одредувањето на количеството масти што ќе биде складирано или согорено. Нормалното ниво на инсулин е важно бидејќи повисокото или пониското ниво може да предизвика здравствени проблеми. За да го одржите оптималното ниво на инсулин, консумирајте помалку шеќер и држете се до исхрана со поголемо количество протеини, а намалено количество јаглехидрати. Покрај здравата исхрана потребна е и физичка активност. Заменете ги засладените и газирани пијалаци со зелен чај и ќе се чувствувате многу подобро.

2. Лептин

Лептинот доаѓа од масните клетки во вашето тело. Неговата цел е комуникација со мозокот кога е задоволено чувството на глад. Ако не може да се пренеси оваа информација, ќе се чувствувате гладно дури и после оброк. Заедно со вежбањето, во исхраната вметнете и антивоспалителни продукти. Легнувајте си порано и спијте барем 7 часа секоја вечер. Ако не сте одморени вашето тело нема да може да го произведи потребното количество лептин.

3. Грелин

Спротивно на лептинот, вашиот стомак лачи грелин кога треба да јадете. Нивото на грелин се намалува секогаш кога јадете. Ако не се случи ова, нема да знаете колку храна ви е доволно. За да го одржите нормалното ниво на грелин потребно е да престанете да консумирате газирани пијалаци коишто се полни со шеќер. Јадете храна богата со протеини наместо јаглехидрати.

4. Кортизол

Кортизолот е хормон што се лачи во стресни ситуации. Ако постојано сте под стрес, нивото на кортизол ќе се покачи и ќе јадете повеќе и почесто. Ова резултира со дебелина. Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат масни наслаги околу стомакот лачат повеќе кортизол од нормално. Вежбањето јога, медитацијата или која било активност што ве смирува ќе ви помогне да го намалите нивото на кортизол.

5. Естроген

Естрогенот е навистина важен хормон за жените. Тој ја регулира менструацијата и репродукцијата. Ако се зголеми нивото на естроген можно е да се здебелите и да се соочите со други хормонални проблеми. Вашето тело може да не ги користи правилно скробот и шеќерот во крвта, а со ова почнува таложењето на мастите. Осигурете се дека во вашата исхрана има продукти богати со хранливи влакна и редовно вежбајте.

6. Невропептид Y

Овој хормон го произведуваат мозочните клетки. И тој е одговорен за чувството на глад. Исто така овој хормон ви ја зголемува желбата за храна богата со јаглехидрати и масти. Кога сте во стресни ситуации, телото лачи повеќе од овој хормон па поради тоа многу луѓе се прејадуваат кога се анксиозни. Можете да го намалите неговото количество со зголемување на внесот на протеини, јадење во правилни интервали и внесување повеќе хранливи влакна.

7. Глукагон пептид 1

Овој хормон се лачи кога оброкот ќе стигне до долниот дел од дигестивниот систем. Хормонот го контролира нивото на шеќер во крвта и го намалува чувството на глад. Доколку телото не го лачи хормонот не само што ќе јадете повеќе, туку нивото на шеќер во крвта ќе се зголеми и ќе бидете посклони кон дијабетес. Консумирајте повеќе јогурт и морска храна. Зголемете го внесот на зеленчук и пробиотици.

8. Пептид YY

Овој хормон се лачи во дебелото црево секогаш кога јадете. Како и лептинот, и овој хормон ви кажува дека сте сити. Намалете го внесот на јаглехидрати и обидете се да консумирате повеќе органска храна.

9. Холецистокинин

Зголеменото ниво на овој хормон може да го намали вашиот апетит. Хормонот е особено важен бидејќи помага во правилната дигестија на масти и протеини. За да го одржите оптималното ниво, консумирајте повеќе протеини и внесувајте само добри масти. Овде спаѓаат масти од риба, јајца и маслиново масло.

Пробајте ги и овие природни лекови за регулирање на хормоните.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар