9 бескорисни продукти за убавина на кои непотребно трошите пари

9 бескорисни продукти за убавина на кои непотребно трошите пари

Според една анкета од 2017-та година, просечната жена секојдневно користи околу 16 продукти за убавина. Овој факт не треба да ве изненади кога ќе размислите за сите продукти за убавина што ни ги нудат козметичките брендови. Понекогаш е навистина тешко да им одолеете, па постојано купувате нешто ново. Поради ова, добро е да знаете кои козметички продукти се целосно бескорисни и нема потреба да трошите пари за нив.

1. Ноќна крема

9 бескорисни продукти за убавина на кои непотребно трошите пари

Ноќните креми за лице не се целосно бескорисни. Тие често имаат состојки како ретинол кои не „функционираат“ поради влијанието на сончевите зраци. Сепак, дерматолозите сметаат дека нивната цена е непотребно висока и дека нема потреба да ги купувате за правилна нега на кожата.

2. „Женски“ креми и пени за бричење

9 бескорисни продукти за убавина на кои непотребно трошите пари

Пените и кремите за бричење ги омекнуваат влакната и ја навлажнуваат кожата, со тоа правејќи го бричењето полесно. Поради ова состојките на машките и женските продукти за бричење се речиси идентични. Единствената разлика е аромата и дизајнот на продуктот. Ако не ви е важен мирисот, нема потреба да купувате посебни женски продукти за бричење, најмногу бидејќи машките се поевтини.

3. Ленти за отстранување митесери

9 бескорисни продукти за убавина на кои непотребно трошите пари

Митесерите се појавуваат поради таложење на бактерии и кожни секрети на коренот на влакната на кожата. Лентите за нивно отстранување ја отстрануваат само нечистотијата од горниот дел и ја иритираат кожата со тоа што го отстрануваат заштитниот слој. Овие ленти нема да ви помогнат да се ослободите од акните, па подобро е да одберете гел за чистење со салицилна киселина.

4. Креми за врат

9 бескорисни продукти за убавина на кои непотребно трошите пари

Кожата на вратот е многу тенка и деликатна, па потребно ѝ е редовно навлажнување. Сепак, нема потреба од специјални креми со таа намена. Сосема доволно е да нанесете од вашата дневна крема.

5. Спреј за лице

9 бескорисни продукти за убавина на кои непотребно трошите пари

Според рекламите, спрејовите за лице ја навлажнуваат кожата во текот на денот и ја прават посвежа. Но, дерматолозите го тврдат спротивното – влагата од кожата испарува заедно со водата што ја содржи спрејот, па настанува сушење. Спрејовите со состојки за навлажнување не го предизвикуваат овој ефект, но нивната цена е превисока и нема потреба да ги купувате.

6. Марамчиња за лице

9 бескорисни продукти за убавина на кои непотребно трошите пари

Овие марамчиња се тенка хартија што го апсорбира вишокот маснотии од кожата. Истиот ефект можете да го постигнете и со обична тоалетна хартија или крпа.

7. Термални спрејови за коса

9 бескорисни продукти за убавина на кои непотребно трошите пари

Овие спрејови го спречуваат испарувањето на влагата од косата поради високи температури. Нивниот заштитен ефект е најмногу поради силиконот. Силиконот се наоѓа во многу продукти за коса како спрејови за зацврстување и масла, па нема потреба да купувате посебен.

8. Заштитна крема за сончање со фактор повисок од 50

9 бескорисни продукти за убавина на кои непотребно трошите пари

Можеби изгледа дека кремата со фактор 100 заштитува 3 пати повеќе од кремата со фактор 30, но првиот продукт испушта 1% од УВБ зраците, а вториот испушта 3%. Исто така повисокиот фактор ви дава лажно чувство на целосна заштита, па можно е да поминете повеќе време на сонце отколку што треба. Оптималниот избор за заштитна крема би требало да биде со фактор помеѓу 15 и 50.

9. Горен слој за лак за нокти

9 бескорисни продукти за убавина на кои непотребно трошите пари

Трајноста на лакот за нокти најмногу зависи од самиот лак, а не од горниот или заштитен слој. Поради ова не треба да го очекувате ефектот на „маникир од салон“ само затоа што сте нанеле горен слој. Подобро е да инвестирате во поквалитетен лак за нокти.

Погледнете и кои се продуктите за убавина кои секогаш треба да ги имате во вашата чанта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар