8 знаци што ја откриваат вистинската возраст на секоја жена

8 знаци што ја откриваат вистинската возраст на секоја жена

Вистинската возраст не ја откриваат само брчките, сивата коса, рацете и вратот. Постојат многу други знаци на стареење што не се забележуваат на прв поглед. Промените што настануваат за време на стареењето не ја уништуваат жената, туку ѝ даваат посебен шарм и привлечност. Во продолжение прочитајте кои знаци ја откриваат вистинската возраст на жените.

1. Челото станува рамно

8 знаци што ја откриваат вистинската возраст на секоја жена

Најверојатно никогаш не би помислиле дека атрофијата на поткожното масно ткиво е причина за губење на волуменот во овој дел од телото. Со текот на годините, челото го губи својот волумен и ја открива вистинската возраст на жената.

2. Усните ги губат волуменот и влажноста

8 знаци што ја откриваат вистинската возраст на секоја жена

За жал, формата на вашите усни се менува со текот на годините. Тие го губат волуменот, стануваат посуви и околу нив се појавуваат брчки. Полните и сензуални усни стануваат визуелно помали и потенки.

3. Се менуваат обликот и големината на папокот

8 знаци што ја откриваат вистинската возраст на секоја жена

Овој дел од телото може да го смени својот изглед како резултат на вишок килограми, пирсинг, бременост и болести како омфалоцела и др.

4. Се појавуваат темни кругови под очите

8 знаци што ја откриваат вистинската возраст на секоја жена

Поткожното масно ткиво станува потенко поради намаленото производство на колаген по 30-тата година од животот. Кожата околу очите ја губи својата густина, станува проѕирна и почнува да ги открива крвните садови, што потоа доведува до појава на темни кругови под очите.

5. Веѓите се спуштаат, изгледот станува помалку отворен

8 знаци што ја откриваат вистинската возраст на секоја жена

Кога сте млади, кожата ги држи веѓите на место и не им дозволува да се „лизгаат“ надолу. Но, како што стареете, колагенот што ги одржува еластичноста и цврстината на кожата веќе не се произведува толку многу, а мускулите на лицето ослабуваат и попуштаат поради гравитацијата. Како резултат на тоа, веѓите постепено се спуштаат надолу и почнуваат да висат над очите, што му дава погруб изглед на лицето.

6. „Триаголникот на младоста“ се превртува со основата надолу

8 знаци што ја откриваат вистинската возраст на секоја жена

Додека сте млади, формата на вашето лице потсетува на триаголник со врвот насочен надолу, а основата долж челото. Тоа е таканаречен „триаголник на младоста“. Но, ситуацијата се менува со текот на возраста – триаголникот се свртува наопаку со основата надолу.

Поткожното масно ткиво се лизга надолу со текот на годините, образите ја губат својата еластичност и добивате набори на кожата. Како резултат на тоа, не изгледате толку млади како порано.

7. Бојата на лицето исчезнува и кожата го губи својот сјај

8 знаци што ја откриваат вистинската возраст на секоја жена

Невозможно е да не забележите дека лицето го губи својот здрав и блескав изглед со текот на годините. Главната причина е намалената синтеза на колаген и еластин. За овој процес придонесуваат и недоволната или несоодветна грижа, недостатокот на сон, заморот, нездравата исхрана и лошите навики.

8. Очите и аглите на устата се спуштаат надолу

8 знаци што ја откриваат вистинската возраст на секоја жена

Спуштените агли на усните и на очите му даваат на лицето малку уморен изглед, особено на оние што не се смеат често затоа што нивните мускули на лицето што ги држат аглите на устата ослабуваат многу побрзо. Кожата околу очите ја губи својата еластичност со текот на годините, па слабите тетиви и мускули во оваа област не можат веќе да ги „држат“ аглите на очите како порано.

Прочитајте ги овие 10 совети што ќе ви помогнат да изгледате помладо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар