8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил

8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил

Изостанувањето на менструалните циклуси и ненадејното чувство на жештина во телото, не се единствените симптоми дека преминувате во фаза на менопауза. Постојат и други суптилни знаци, за коишто веројатно не сте свесни, а треба да им обратите внимание. Еве кои се тие…

1. Влакна на брадата

8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил

Малку е ироничен фактот што во текот на менопаузата, косата може да започне да ви се изретчува, а нови несакани влакна, да се појават на вашата брада, горна усна или на образите. Ова се случува поради промените во односот помеѓу андрогените и естрогените нивоа во телото. Додека нивото и на двата хормони се намалува во периодот на менопауза, тоа се случува со различна стапка на интензитет. Нивото на естроген паѓа акутно, а нивото на андроген опаѓа постепено, со текот на времето.

2. Прекумерно потење

8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил

Опаѓањето на нивото на естроген, предизвикува реакција во мозочниот дел хипоталамус, при што телото мисли дека сте прегреани и му сигнализира да се поти повеќе, за да се намали телесната температура.

3. Слабеење на коските

8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил

Намалувањето на густината на коските, настанува како резултат на опаѓањето на нивото на естроген во телото. Во текот на првите пет години од менопаузата, можете да изгубите до 20% од густината на вашите коски. Ова може да доведе до ризик од заболување од остеопороза или слабеење на коските.

4. Уринарна неодложност

8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил

Слабите мускули во долниот дел од карлицата, коишто честопати се резултат на вагиналното породување, во комбинација со тенката уретрална мембрана, предизвикана од ниското ниво на естроген, доведува до стресна уринарна инкотенција. Тоа е чувство на итност за одење по мала нужда, проблеми со воздржувањето, како и неконтролирано испуштање урина при мал напор, како кивање или кашлање.

5. Проблеми со помнењето

8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил

Хормоналните промени коишто се случуваат во телото во текот на менопаузата, може да ви предизвикаат стрес и проблеми со спиењето. Тоа може да доведе до намалена концентрација и проблеми со помнењето.

6. Несоница

8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил

Хормонот прогестерон има смирувачка функција, па кога неговите нивоа опаѓаат, тоа предизвикува чувство на анксиозност, којашто може да доведе до проблеми со спиењето и несоница.

7. Појава на нови алергии и влошување на постоечките

8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил

Нашите хормони и имуниот систем функционираат со заеднички сили. Жените коишто поминуваат низ фаза на менопауза, се подложни на посериозни реакции предизвикани од алергиите коишто ги имаат, а може да се дојде и до појава на сосема нови алергии. Ова се случува како резултат на намалениот имун систем, којшто слабее поради природната флуктуација на хормоните, во текот на овој период од животот.

8. Ненадејни промени во видот

8 знаци на рана менопауза за коишто никој не ве предупредил

Хормоните регулираат многу различни телесни функции, коишто можат да влијаат и врз вашите очи, па кога тие се менуваат, може да се промени и вашиот вид. Намалените хормонски нивоа кај жените во текот на менопаузата, може да предизвикаат разни промени во видот. Така на пример, некои жени може да преминат од кратковиди, во далековиди.

Можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 7 симптоми на кожата во менопауза и како да се справите со нив?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар