8 знаци кои укажуваат на долг и здрав живот
Сигурно повеќето од вас не знаат колку многу можат секојдневните нешта да влијаат врз вашиот животен век. Науката многу пати досега ни покажала дека со усвојување одредени навики ние можеме значително да ја зголемиме нашата долговечност. Токму затоа погледнете ги следниве знаци кои покажуваат дека вие ќе живеете многу подолго отколку што мислите…
1. Во младоста не сте имале сериозни проблеми со здравјето
Доколку во текот на целото ваше детство сте имале нормална тежина, минимални проблеми со здравјето и ретко сте посетувале доктор, тогаш големи се шансите дека ќе имате одлична здравствена подлога за долговечност.
2. Избегнувате газирани пијалаци
Голем број луѓе консумираат барем една чаша газиран пијалак во текот на денот. Но, експертите ни покажуваат дека оваа навика значително го зголемува ризикот од голем број здравствени заболувања. Висок крвен притисок, прекумерна телесна тежина, дијабетес, па дури и инфаркт се само дел од ризиците на кои се изложувате со пиењето газирани пијалаци. Па, доколку сакате да го продолжите вашиот живот, исфрлете ги целосно од вашата исхрана.
3. Редовно пиете чаеви
Голем број од чаевите изобилуваат со катехин, материја која ги опушта крвните садови и го штити срцето и мозокот. Едно јапонско истражување спроведено на 40 илјади луѓе покажало дека оние кои пијат минимум 3 шолји чај дневно имаат најниски шанси за развивање болести на срцето или добивање мозочен удар.
4. Не јадете брза храна
Избегнувањето брза храна има огромно позитивно влијание врз вашиот организам. Хамбургерите, пржените компири и останатите продукти кои се наоѓаат на менито на брзите ресторани се исполнети со штетни масти, шеќери и адитиви кои лошо влијаат врз вашето здравје. Тие исто така користат и процесирано месо кое припремено на скара и чад е исполнето со голем број канцерогени материјали.
5. Редовно сами ги извршувате вашите домашни обврски
Верувале или не, со чистењето со правосмукалка, бришењето подови и миењето прозорци вие можете да изгубите и до 300 калории. Оние кои не сакаат да вежбаат во теретана или пак, немаат време за тоа, можат да надополнат со физичка активност така што редовно ќе го чистат својот дом.
6. Редовно пешачите
Одењето спаѓа во наједноставните и најефикасните активности кои му помагаат на вашето здравје и кои ќе се погрижат да живеете долговечно. Оние личности кои барем 30 минути дневно шетаат имаат и до 4 пати подобро здравје од оние кои малку се движат.
7. Оптимистични се
Науката одамна потврдила дека квалитетот на живот кај позитивците е значително поголем отколку кај негативните личности. Позитивното размислување го намалува стресот, кој е еден од главните извори за голем број болести.
8. Обиколени сте со добри пријатели
Цврстите меѓучовечки односи се многу ефикасни борци против стресот. Идејата дека во вашиот живот имате луѓе на кои можете да се потпрете и обратите во било кој момент ве прави поздрави, како физички, така и ментално.