8 знаци кои покажуваат дека минувате низ голема трансформација
Иако не изгледа така, ние постојано се менуваме. Можеби во моментот не го забележувате тоа, но само вратете се една година назад и ќе сфатите колку многу сте се промениле.
Луѓето еволуирале и се трансформирале многу брзо. Денес се менуваат уште побрзо. Се случуваат големи промени кај свеста на луѓето и стануваме подобро општество. Сепак, низ оваа трансформација нормално е да се поминат и некои срамни фази. Покрај периодите од кои се срамите, има промени на кои се гордеете. Како што станувате постари можете да се фокусирате на работите кои треба да ги поправите. Преку сите пречки и грешки, сите ние стануваме подобри луѓе. Ако сметате дека минувате низ голема трансформација, сигурно ќе почувствувате некои од следниве симптоми.
1. Се чувствувате заглавено во животот
Не сте сигурни која е причината, но поради нешто се чувствувате заглавено. Сакате да направите голема промена, но не знаете од каде да почнете.
2. Ги прифаќате тешкотиите
До овој момент, веќе сте се помириле со фактот дека животот е секогаш полн со изненадувања. Не можете да ги избегнете конфликтите во животот и сега конечно сфаќате дека лекциите кои доаѓаат од овие тешки периоди се навистина важни.
3. Тешко ви е да завршите некоја работа
Бидејќи сте презафатени со сите работи кои сакате да ги средите и барате нови искуства, може да ви биде тешко да се погрижите за вашите секојдневни обврски. Можеби заборавате да отидете на лекар, да завршите некој проект или пак, да ги измиете садовите.
4. Имате проблеми со спиењето
За време на големата промена во вашата свест, може да искусите и проблеми со спиењето. Можно е да спиете постојано, а може и да биде невозможно да заспиете без разлика колку сте изморени.
5. Синхроницитет
Синхроницитетот претставува случајност на космичко ниво. Постојано го искусувате овој луд феномен во вашиот секојдневен живот. Се чувствувате како да сте на некој пат и дека сите работи се одвиваат онака како што треба.
6. Во допир сте со вашите емоции
Поради некоја причина, сте станале многу свесни за вашите емоции. Ви станува поудобно да разговарате за вашите чувства и веќе не ги чувате проблемите за себе. Се чувствувате како да имате цело ново сетило.
7. Се чувствувате мирно
Без разлика што се случува околу вас, длабоко во себе чувствувате мир. Тоа е топло чувство кое ви кажува дека сè ќе биде во ред. Ова е прав пример за интуиција.
8. Имате дежа ву
Почесто ви се случува да го имате овој феномен и речиси секој момент ви изгледа како веќе да сте го преживеале. Ова е уште еден знак за интуиција како и голем индикатор дека сте на вистинскиот пат.
Погледнете ги и најчестите синхроницитети кои не треба да ги игнорирате.