8 знаци дека веќе не сте вљубени во партнерот
Малку работи се пострашни од тоа да чувствувате дека веќе да не го сакате вашиот партнер, особено ако сте биле заедно долго време. Можеби ќе го сфатите тоа за време на некоја расправија или случајно во текот на еден обичен ден. Тогаш, треба да размислите што ќе правите понатаму, а овие знаци откриваат дека веќе не го сакате партнерот.
1. Вашата љубопитност почнува да згаснува
Ако имате силни чувства кон некого, ќе се потрудите да покажете интерес за тоа што мисли тој, што чита и што гледа. Оваа тенденција обично достигнува врв на почетокот на врската кога сè е забавно и ново, пред да се изедначи со општото чувство на љубов и благодарност.
Ако веќе не се вложувате во врската, тоа е моментот кога вашата љубопитност може да започне да згаснува. Нема да имате желба да го прашате партнерот како му поминал денот или да го прашате за мислење. Едноставно, веќе нема да ви биде важно.
2. Не му се јавувате прво на партнерот
Без разлика дали ве вработиле, ве отпуштиле или само сакате да испратите смешна фотографија, вашиот партнер не е првата личност на која помислувате кога сакате да споделите нешто, а тоа е еден од знаците дека веќе не сте заљубени.
3. Сонувате да бидете сингл
Ако не можете да престанете да размислувате за излегување со некој друг или да се прашувате како би изгледало да сте сингл, веројатно има причина за тоа. Врските дефинитивно бараат многу посветеност – време, пари, емоции. Кога инвестирате во врската, сметате дека вреди да го правите тоа. Штом односите ослабуваат, инвестирањето во врската може да изгледа како жртвување.
4. Правите планови без партнерот
Без разлика дали размислувате каде сакате да живеете или каде да одите на одмор, но не го замислувате партнерот покрај вас во тие моменти, тоа е знак дека повеќе сакате да се фокусирате на себе.
5. Не сакате да ги допира вашите работи
Ако почнете да се чувствувате посесивно за работите што порано ги споделувавте, тоа е уште еден знак дека веќе не сте заљубени. На пример, можеби ќе му се налутите на партнерот затоа што јаде од вашата храна и ќе започнете да обележувате сè во фрижидерот. Тоа се случува затоа што не сте возбудени што сте дел од пар, барем не со него.
6. Неговите емоции помалку влијаат на вас
Ако порано се трудевте да му помогнете на вашиот партнер секогаш кога беше тажен или скокавте од радост кога беше среќен, сега може да забележите дека неговите емоции имаат помалку влијание врз вас. Кога партнерите веќе не се заљубени, тие немаат емоции еден за друг со толку висок интензитет.
7. Не можете да престанете да ги превртувате очите
Ако вашата љубов почнува да исчезнува, однесување на партнерот може да почне да ве иритира. Всушност, истражувањата покажаа дека еден од најголемите предвидувачи на претстојното раскинување е кога паровите ќе почнат да ги превртуваат очите бидејќи тоа покажува „презир“ или губење на почитта. Ако потајно мислите дека вашиот партнер не е толку паметен како вас, дека е неодговорен, има погрешни вредности или не ја заслужува вашата наклонетост поради нешто друго, ова е еден од начините што го покажуваат тоа.
8. Останувате во врската поради сè што сте вложиле во неа
Луѓето честопати ги користат поминатото време заедно и сè што вложиле како причина да останат. Ако не сакате да раскинете само затоа што сте заедно пет години и се плашите да го оставите сето тоа зад себе, можеби сепак треба да размислите да продолжите понатаму.
Звучи страшно да ја напуштите врската во која сте вложиле толку многу време и енергија, но ако овие чувства продолжат, и покрај обидот да направите промена, запомнете дека за двајцата ќе биде подобро да се разделите, наместо да се држите до нешто што очигледно не функционира.
Прочитајте кои мали нешта можат дополнително да ги подобрат односите со вашиот партнер.