8 знаци дека вашето пријателство завршува

8 знаци дека вашето пријателство завршува

Некои луѓе едноставно не сакаат промени, па токму затоа доколку еднаш наречат некого пријател, тие ја сметаат оваа личност за тоа до крајот на животот. Нивната цел им се долгогодишни пријателства. Но, постојат и пријателства кои завршуваат, дури и против нашата волја. Па, доколку почнувате да забележувате некои од овие опасни знаци, тогаш можеби е време да преземете нешто со цел да не го изгубите вашиот пријател.

8 знаци дека вашето пријателство завршува

1. Не наоѓа време за вас

Ова не се однесува на времето кога тој или таа е навистина зафатен/а, бидејќи голем број луѓе имаат многу работа. Ова се однесува на оние моменти кога ви изгледа дека оваа личност прави изговори намерно, само колку да не се видите. Друг индикатор е и кога изгледа дека тој/таа наоѓа време за вас само доколку тоа одговара на неговиот/нејзиниот календар, исто како да сте му/ѝ обврска.

2. Лоши зборови за другите пријатели

Сите пријатели го прават ова. Многумина често и се здружуваат поради взаемното непријателство, бидејќи тоа е одличен начин да се исфрли она што лежи во вас. Но, доколку вашиот пријател е постојано негативен, озборува и осудува други луѓе, тогаш оваа личност сигурно зборува исто толку негативно и за вас пред другите пријатели.

3. Немате ништо заедничко

Да, вие сте имале нешто заедничко во одреден момент од вашиот живот. Сте биле во ист клас во средно училиште, или пак сте тренирале заедно, но луѓето растат и се менуваат со годините. Токму затоа може да се случи вашите патишта да се одвојат спонтано. Да немате заеднички интереси не значи дека повеќе не треба да бидете пријатели, туку баш напротив, доколку најдете начин да биде отворени за вашите разлики тогаш ќе имате многу теми на кои би можеле да разговарате.

4. Никогаш не ви се јавува прв/а

Некои луѓе не сакаат да се јавуваат на други и тоа е во ред. Луѓето исто така се и многу зафатени и тоа е во ред. Но, доколку вашиот близок пријател воопшто не ви се јавува, тоа значи и дека не помислува на вас. Доволна е само една неочекувана порака од ваш пријател или ваша пријателка за да се појави насмевка на вашето лице, па доколку ова повеќе не се случува, тогаш можеби сте дошле до оној момент кога премногу сте се оддалечиле. Вие не мора постојано да бидете во контакт, но убаво е одвреме-навреме да знаете дека тој/таа мисли на вас. Истото важи и за вас во однос на нив.

5. Поминување повеќе време со други пријатели

Во ред е да имате широк круг на пријатели, но ненадејната промена на друштво секогаш е знак на опасност за пријателството. Доколку тој/таа почне одеднаш да поминува повеќе време со други луѓе, а притоа да ве игнорира вас, големи се шансите дека вашето пријателство се приближило до крајот.

6. Почнувате да „удирате под појасот“

Обете/обајцата почнувате да задавате суптилни напади еден кон друг. Без разлика дали станува збор за шеги или коментари со цел да се почувствувате супериорно во однос на другиот, вие на овој начин кажувате нешта кои блиските пријатели никогаш не би си ги кажале. Тоа е знак дека повеќе не се грижите за иднината на вашето пријателство, па почнувате да зборувате и зад вашите грбови. Можеби дури и сте пренеле тајна која ви била доверена само на вас, нешто што вистинските пријатели никогаш не би го направиле. Работите не изгледаат добро…

7. Почнувате да станувате злонамерни

Од овој момент нема враќање. Доколку почнувате да бидете злонамерни кон вашиот пријател, или тој/таа кон вас, тогаш пријателството пристигнало до самиот крај. Чувството на завидливост кое се појавува кога гледате на постигнувањата и среќните моменти на другите никогаш не е добар знак, особено ако станува збор за близок пријател.

8. Помислувате дека вашиот живот ќе ви биде подобар без нив

Ова е крајната фаза во завршувањето на пријателството. Доколку сметате дека вашиот живот ќе биде многу подобар и попозитивен без овој пријател во него, тогаш време е да ставите крај на вашето пријателство. Ова е ваш живот и не треба да дозволувате во него да постојат токсични луѓе кои ќе ве влечат надолу. Вам ви се потребни луѓе кои ве поддржуваат и кои прават да се чувствувате позитивно. Па, доколку оваа личност повеќе не прави да се чувствувате така, тоа пријателство не вреди за вашето време.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар