8 знаци дека тој не е вашата сродна душа
Сродната душа е личност со којашто се чувствувате потполно компатибилно и целосно разбрано. Ова е личност пред која можете да бидете свои и која ве посетува дека не треба да криете ниту еден дел од себе. Но како да препознаете која е вашата сродна душа? Како да знаете дали сте го пронашле вистинскиот партнер? Во продолжение погледнете ги предупредувачките знаци кои покажуваат дека вашиот партнер не е вашата сродна душа.
1. Не можете да го покажете вистинското лице пред него
Партнерот не е вашата сродна душа доколку ги криете мислите или емоциите од него, или полошо, доколку се преправате дека сте некој друг за да го импресионирате. Вистинската сродна душа ќе ги виде сите делови од вас и ќе ве прифати со сите недостатоци.
2. Не сака да биде ранлив со вас
Ако мажот со којшто сте во врска не сака да го подели неговото срце со вас, тогаш не ви е родна душа. Продлабочувањето на врската со некого е тешко и сигурно не сакате да го избрзате тоа. Најверојатно кога ќе се сретнете, и двајцата ќе се двоумите дали да се отворите. Но ако со текот на времето забележите дека партнерот сепак не ве пушта внатре, тој можеби не е вашата сродна душа.
3. Крие тајни од минатото од вас
Ова оди заедно со ранливоста, но довербата е еден од најважните столбови во врската. Ако вашиот партнер не може да ви ги довери неговите тајни или крие нешто од вас, тогаш не ви е сродна душа. Вистинската сродна душа ќе ги каже и лошите нешта за себе, бидејќи знае дека ќе го сакате и дека ќе го прифатите онаков каков што е.
4. Не сте сигурни кон каде се движи врската
Голем предупредувачки знак дека тој не е вашата сродна душа е доколку не знаете кон каде се движи врската. Иако е добро да ѝ дозволите природно да еволуира, важно е да разговарате за иднината и што би сакале. Доколку партнерот не сака да зборува за иднината или не е сигурен за насоката, можеби врската и не е толку силна.
5. Тој не се совпаѓа со вашите чувства или цели
Со партнерот нема да ги имате истите цели и тоа е сосема во ред. Она што не е во ред е доколку партнерот прави да се чувствувате помалку вредно. Друг предупредувачки знак е кога партнерот не се усогласува со вашите цели. Тој не мора да ја има истата перспектива, но би требало да е поддржи на вашето патување.
6. Вие го првите приоритет, но не и тој вам
Доколку забележите дека постојано го правите приоритет а не добивате ништо за возврат, тогаш најверојатно партнерот не е вашата сродна душа. Љубовта не е еднострана, таа е здрава рамнотежа помеѓу давање и добивање.
7. Често се чувствувате како да присилувате нешто да функционира
Вашиот партнер сигурно не е вашата сродна душа доколку сметате дека ја присилувате љубовта. Со сродната душа, љубовта ќе дојде природно. Кога сте со вистинската личност, љубовта нема да изгледа како обврска.
8. Често ги чувате чувствата за себе за да не се расправате
Јасен знак дека партнерот не е вашата сродна душа е доколку треба да криете работи само за да избегнете конфликт. Дури и во најсреќните врски има расправи, но она што е важно е компромисот што го прават партнерите.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави во вашиот живот.