8 знаци дека тој е сè уште заљубен во својата бивша девојка
Вашиот прв состанок бил неверојатен… Сè додека не сте откриле дека тој неодамна излегол од долгогодишна врска и вие сте првата девојка со која се гледа откако раскинал. Тоа можеби веднаш е причина за загриженост за вас, но дали можеби има можност за нешто повеќе? Дали станува збор за минлива врска преку која тој се обидува да ја заборави својата бивша или пак, меѓу вас има нешто вистинско? Погледнете ги следниве 8 знаци кои покажуваат дека тој е сè уште заљубен во неа.
1. Неодамна раскинал со бившата девојката
Ова можеби изгледа како очигледен знак, но кога сте заљубени во нов дечко, не секогаш можете јасно да забележите. За заљубувањето треба време, но и за одљубувањето исто така треба време. Доколку тој се движи премногу брзо и се обидува да го забрза процесот, не само што се лаже себеси, туку ве води и вас кон кршење на срцето.
2. Тој е сериски моногамист
Да, тој можеби е во сериозна врска сега, но без сомнение ги помни сите моногамни врски во кои некогаш бил – една по друга, без прекин. Доколку сте во врска со дечко кој изгледа како отсекогаш да бил само во врски, тогаш големи се шансите дека вие сте само уште една девојка во низата која никако да заврши.
3. Веднаш сака вашата врска да биде сериозна
Доколку веднаш по првиот или вториот состанок се појави прашањето дали вашата врска е сериозна, тогаш работите се движат премногу брзо. Тоа е пребрзо дури и да не е минлива врска преку која тој се обидува да ја заборави бившата. Ова може да биде знак дека и нешто друго се случува, па бидете внимателни да не сте со личност која е многу очајна или сака да контролира.
4. Ја сака или мрази својата бивша девојка
Очигледно, доколку тој признае дека ја сака својата бивша, тогаш веднаш знаете дека има проблем. Но, исто така внимавајте и на омразата. Екстремните емоции кон бившата можат да бидат знак дека тој ѝ е сè уште емоционално предаден. Интензивните гнев или огорченост се знаци дека тој сè уште не е подготвен да продолжи понатаму.
5. Тој сè уште чува нејзини работи во неговиот дом
Не се лажете, доколку влезете во неговата соба и налетате на фотографија од нив двајца во рамка, тогаш таа без сомнение е сè уште во игра. Уште полошо е ако најдете нејзина облека, четка за заби и продукти за туширање, во тој случај бегајте од него што побрзо можете. Или станува збор за ептен свежо раскинување или тие сè уште се во врска.
6. Сè уште се добри пријатели
Не велиме дека бившите не можат со тек на време да развијат одново пријателство, но пријателството веднаш по раскинувањето значи и дека тие сè уште ги немаат решено нештата со нив на љубовно поле. Без разлика дали само тестираат како ќе им биде ако не се заедно или решиле да направат кратка пауза, со пријателството се држат близу еден до друг за втора шанса.
7. Тој сака само секс
Ако вашата врска повеќе се врти околу секс отколку околу запознавање на подлабоко и поемоционално ниво, тогаш вие сигурно сте во минлива секс врска со чија помош тој сака да ја заборави својата бивша. Вистинската врска вклучува емоции и ранливост, а тоа не може да се случи доколку вашата единствена заедничка активност е сексот.
8. Неговите пријатели ве гледаат чудно
Ако имате можност да ги запознаете неговите пријатели и почувствувате тензија и непријатност во нивно друштво, тогаш сфатете го тоа како знак. Пријателите ја знаат историјата на неговите претходни врски, па тоа значи и дека ги знаат обрасците на неговото однесување по раскинувањето. Следете го нивното однесување за да можете да го направите правилниот чекор.