8 знаци дека сте вљубени и дека таа е вистинската за вас

8 знаци дека сте вљубени и дека таа е вистинската за вас

Денес сите знаат дека вљубувањето се случува постепено со текот на времето. Наместо во секунда да сфатите дека сте вљубени, минувате низ неколку ситуации со партнерот и со секоја нова станувате сè посигурни за вашите чувства.

8 знаци дека сте вљубени и дека таа е вистинската за вас

Ако се прашувате дали и кај вас се појавиле овие чувства, постојат 8 знаци што ќе ви покажат дека сте се вљубиле во вашата девојка, но и дека таа е вистинската за вас.

1. Смртно сте исплашени

Страв ви е да ја изгубите и страв ви е да бидете со неа. Страв ви е и од помислата дека никогаш нема да бидете со друга жена, а оваа листа само расте. Дали сте подготвени за сето ова? Што ако излезе како последната врска? Длабоко во себе знаете дека и покрај сето ова, сепак ќе ѝ дадете шанса.

2. Ќе направите што било за да ја импресионирате

Подготвени сте да одите во ресторан, па дури и на танцување. Подготвени сте да ги искривите вашите правила, да пробате нови нешта и да изодите повеќе за неа. Подготвени сте да го шетате нејзиното малечко куче кога е болна, или да ѝ помогнете да се пресели кога сакате да гледате некој спортски натпревар. Во овој случај, големи се шансите да станува за љубов.

3. Постојано мислите на неа

Мислите постојано ви одат кон неа. Што прави, дали можете да ѝ пратите порака, дали ќе ѝ се допадне некој ресторан… Сакате и таа да мисли на вас, па секогаш наоѓате изговор да ѝ напишете нешто или да ѝ се јавите. Размислувате за неа додека се надевате дека и таа размислува за вас? Дефинитивно сте вљубени.

4. Ве прави подобра личност

Влогот е навистина голем кога ќе сретнете жена што ќе ве полуди. Станувате посериозни и пофокусирани. Сакате да си го средите животот, да ја средите финансиската ситуација, или конечно да почнете да одите во теретана. Нештата што доминирале во вашиот ум, повеќе не се толку важни.

5. Само сакате таа да биде среќна

Повеќе не сте важни само вие. Кога нејзиниот шеф ја тера премногу да работи, ѝ помагате да се одбрани. Кога е болна, веднаш одите по супа и чаеви. Откако ќе се искара со сестра ѝ, дури и да не знаете зошто, ѝ го одвлекувате вниманието и ја смирувате. Кога таа е среќна и се смее, за вас не постои ништо поубаво.

6. Едвај чекате да ги споделите добрите вести

Вашите пријатели го знаат нејзиното име, името на нејзиното куче, нејзината омилена храна… Бидејќи сте вљубени до уши, зборувате за неа. И тоа многу. Ја држите за рака во јавност и ја прегрнувате за никој да не ни помисли да ѝ се приближи. Таа е навистина посебна и сакате светот да знае за неа.

7. Касиерката е убава, но ништо не ја победува насмевката на вашата девојка

Кога секоја друга жена не може ни да се спореди со неа, кога едвај се сеќавате на бившата и кога не можете да си го замислите животот без партнерката (а не ни сакате), тоа звучи како љубов.

8. Не можете да ѝ одолеете повеќе

Веројатно сте пробале. Можеби сте се колнеле дека по последната врска никогаш нема да си го направите тоа. Но сите обиди биле залудни. Нема нешто што ви изгледа како премногу, ако доаѓа од вашата партнерка. Ја сакате до вас без разлика дали е среќна, тажна, уморна или болна. Едноставно знаете сè за неа, и тоа е одлично.

Па, официјално е. Вие сте навистина вљубени.

Дознајте и зошто е прекрасно да се биде во врска со пречувствителна жена?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар