8 знаци дека сте најдобрата мајка на светот

8 знаци дека сте најдобрата мајка на светот

Нашите мајки нè смеат, ни ги бришат солзите и ни помагаат да пораснеме во силни и чесни луѓе. Освен што се добри, тие се често и многу кул и затоа сакаме да бидеме како нив.

8-znaci-deka-ste-najdobrata-majka-na-svetot-kafepauza.mk

Прочитајте кои се особините и навиките кои вас ве прават најкул мајка на светот.

1. На своите деца сте им пријатели, но улогата на мајка секогаш ја ставате на прво место. Децата секогаш разговараат со вас за сè што се случува во нивните животи и ви се доверуваат за сè. Знаете да се прилагодите и во вистинскиот момент да ја покажете својата пријателска страна, но кога ситуацијата тоа ќе го побара од вас, нежно ќе ја наметнете потребната дисциплина. Токму овој баланс во мајчинскиот и пријателскиот однос е причината поради која сте толку успешни во улогата на мајка.

2. Знаат дека можат да ви се обратат во секој момент. Иако можеби не се сложувате со тоа што сакале да го направат, ќе ги сослушате со разбирање, без драми и осудување, па потоа искрено ќе им го дадете своето мислење без да се обидувате да влијаете на нив.

3. Ги поддржувате нивните соништа. Нивните соништа се и ваши, без разлика на тоа колку можеби во некои момент се чинат далечни и невозможни. Секогаш ги бодрите и ги потсетувате на тоа што тие всушност сакаат да го прават во животот и не им дозволувате да заборават на своите желби. Но, не ги поддржувате и не навивате за амбициите кои не се реални. Ако на пример, вашиот син сака да биде фудбалер, но има две леви нозе, ќе му објасните дека има многу други работи со кои може да се занимава во животот и ќе му помогнете да открие што друго сака да прави.

4. Секогаш внимавате на нив, но не ги гушите. Можете да се поистоветите со вашите деца бидејќи сте биле на нивни години и знаете колку тоа може да биде збунувачки. Затоа постојано фрлате око на нив за да бидете сигурни дека се на вистинскиот пат, но не сте пренападни во тоа и не се потресувате заради секоја најмала ситница.

5. Им дозволувате да грешат. Вие сакате вашите деца сами да сфатат што е најдобро за нив и им дозволувате да направат грешки во животот бидејќи само така ќе пораснат во силни и квалитетни личности. Кул мајките знаат дека не можат го да живеат животот наместо нивното дете, па не се ни обидуваат, но секогаш се тука кога тоа ќе направи некоја грешка и се подготвени да го утешат.

6. Пријателите на вашите деца ве обожаваат. Никој не избегнува да дојде во вашиот дом бидејќи сте родител кој знае да биде присутен во вистинската мера, но и невидлив кога треба да биде. Забавни сте и често ви се доверуваат за некој проблем бидејќи зрачите со таква вибрација на доверлива личност.

7. Дури и кога сте им лути, не заборавате да им покажете дека ги сакате. Понекогаш по малку ве излудуваат, па морате да ги дисциплинирате, но секогаш им давате до знаење дека тоа е за нивно добро. Никогаш не ги казнувате без причина бидејќи знаете дека на тој начин би испратиле погрешна порака.

8. Никогаш не излегувате од дома без прегратка. Без разлика на тоа колку години имаат вашите деца, секогаш ве прегрнуваат или ве бакнуваат за добра ноќ бидејќи знаат дека вие сте најкул мајка на светот и не заслужувате ништо помалку од тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар