8 знаци дека сте длабоко поврзани со некого

8 знаци дека сте длабоко поврзани со некого

Дали некогаш сте запознале личност која ве привлекува на необјаснив начин? Дали некогаш сте почувствувале дека вашите души се поврзани на неверојатно ниво кога првпат се сретнавте? Ако ги препознаете овие 8 знаци, тоа значи дека сте запознале личност со која сте неверојатно поврзани и кон која чувствувате силна привлечност:

8 знаци дека сте длабоко поврзани со некого

1. Врската започнува брзо да се развива

Кога имате необјаснива врска со личност која штотуку ја запознавте, прво што забележувате е дека врската се формира веднаш. Уште на почетокот можете да почувствувате дека ова е поинаку, но не можете да објасните зошто е тоа така. Вообичаено е потребно време за да запознаете некого, но со оваа личност се чувствувате како да се познавате цел живот.

2. Личноста ви помага подобро да се разберете себеси

Тајната на одличната врска е да се биде со некој кој ви помага подобро да се запознаете себеси. Честопати не можеме да се видиме објективно за да ги идентификуваме нашите грешки бидејќи нашата перцепција е пристрасна. Нашето семејство и пријатели, се разбира, можат да ги видат нашите грешки, но можат да имаат и предрасуди. Оваа личност ви помага подобро да се разберете себеси, да откриете вистини за себе и да научите нешто ново – кои се вашите стравови и соништа.

3. Сакате да знаете сè за оваа личност

Новата врска ги носи сите прашања и одговори кои ги поставуваме и внимателно слушаме. Тоа е возбудливо време кога ја запознавате личноста која ве привлекува. Но, кога ќе сретнете некој со кој имате длабока, значајна, па дури и необјаснива врска, сакате да го знаете секој детаљ бидејќи и двајцата сте искрено заинтересирани еден за друг. Ова може да доведе до часови и часови разговор.

4. Се надополнувате еден со друг

Оваа личност ги пополнува вашите празнини и делчињата што ви недостасуваат. Никој од нас не е совршен и сигурно не ви треба друга личност за да се чувствувате целосни, но кога ќе сретнете некоја посебна личност, можете да научите од неа, а таа ќе ве поддржи да постанете најдобрата верзија од себе.

5. Нема љубомора

Кога ќе искусите толку силна врска со некого, нема простор за љубомора или негативност еден кон друг. Нема простор за негативни емоции како што се зависта и гневот. Нема ривалство.

6. Се чувствувате безбедно

Во присуство на оваа личност се чувствувате целосно опуштено. По фазата на „меден месец“ во врската, често има периоди на нерешителност и сомнеж дали врската ќе успее, можеби дури и проблеми со доверба или љубомора. Овие чувства едноставно не постојат со некој со кој имате необјаснива врска.

7. Искреноста е најважна во вашата врска

Кога ќе искусите длабока врска со некого, искреноста доаѓа природно. Имате слобода да бидете целосно искрени, без страв дека ќе бидете осудени од другата страна.

8. Вашите вредности се усогласени

Многу е важно да ги имате истите основни вредности и цели кога станува збор за врска со некого. Врската едноставно нема да успее ако едниот од вас бара слава и пари, додека другиот сака мирен семеен живот. Ако вашите визии за иднината се совпаѓаат веќе на самиот почеток на врската, таа има поголеми шанси да успее.

Откако прочитавте кои знаци ќе ви укажат дека сте длабоко поврзани со некого, можеби ќе сакате да прочитате и како да се справите со траумата од претходната љубовна врска.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар